29 Март, 2024
0.0253

ЈУГОХРОМ: Значаен за државата, исклучително важен за локалната економија!

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Југохром е исклучително значаен за локална економија

Економски аналитичари истакнуваат дека компанијата Југохром е исклучително важна за регионот, и за целата македонска економија, во која учествува со над 1% од БДП. Претставува една од трите фабрики во Европа која произведува феросилициум, која е значаен извозник што директно влијае на намалувањето на трговскиот дефицит, и е важен извор на буџетски приходи. Но она што е најважно е дека од 'Југохром' директно живеат 1.250 семејства, но и уште 4 илјади други семејства егзистираат индиректно, како кооперанти.

Така што прашањето дали треба да работи или не овој исклучително важен комбинат е излишно, велат економските експерти. Повеќе од неопходно е Југохром да работи, секако со дополнителни инвестиции, кои ќе обезбедат заштита на животната средина. “Југохром да работи – бидејќи од него живееме” едногласни се и неговите вработени Македонци, Албанци, колеги кои се помагаат и кои заедно ги спроведуваат сите работни обврски. Југохром е приказна за соживот, за рамноправност, за егзистенција, за борба со сите светски берзански кризи, за опстојување низ времето.

За 90% од жителите во Јегуновце и околните села Југохром значи живот." изјави Игор Крстовски вработен во Југохром "Југохром е потребно да работи, бидејќи во спротивно тоа би значеле згаснување на неколку села од овој регион. Во овој комбинат работел татко ми, дедо ми, во Јегуновце живеам со моето семејство. Децата одат во школо, да не е Југохром, не знам што би правеле. Би останале без работа и егзистенцијата би ја барале надвор од Македонија. Најтешко ни паѓа неизвесноста околу иднината на Југохром. Тоа ни создава стрес, и од тоа најмногу се разболуваме“. Според неговиот татко Илија, не се случило досега некој вработен да почине како последица на работа во комбинатот, па дури и од оние кои работеле најтешки работи.  На ова се надоврзува и Универзитетскиот професор и поранешен министер за екологија Д-р Зоран Шапуриќ: „Би дошло до огромни негативни социо-економски последици, ако се затвори 'Југохром'. Треба да се убрза процесот на воведување систем за отпрашување, и модернизирање на комбинатот, но никако веќе да се зборува за негово целосно и долготрајно затворање.

Југохром доби дозвола за изградба на комплетен систем за отпрашување. Доколку е се како што треба оваа година ќе биде готов системот за отпрашување на печките број 7 и 8 кои покриваат некаде околу 65 отсто од вкупниот капацитет на фабриката, а на почеток на 2018 година комплетно ќе биде изграден целиот систем за отпрашување.

За да се обезбеди оваа милионска инвестиција во подобрување на еколошките стандарди беше потребно повеќе време, но еве конечно се прави нешто што не било направено одкако постои комбинатот. Како менаџер на оваа компанија одговорно тврдам дека ги правиме сите напори за модернизирање на комбинатот, за побрзо имплементирање на еколошките стандарди, во интерес на сите, менаџментот, вработените, еколошките активисти и пошироката јавност. Југохром ќе ги исполни своите обврски, но истовремено и сите останати со своето делување треба да придонесат кон почиста животна средина“ - изјави г. Васко Скендеровски, Генерален Директор на Југохром.

Од компанијата изјавија дека комплетно е обезбедена финансиската конструкција и се очекува без некои сериозни пречки да почне имплементацијата на овие филтри или систем за отпрашување, со кој се намалува чадот и честичките кои излегуваат од производните погони, со кои се спречува негативното влијание од технолошкиот процес и производите врз животната средина, врз здравјето на вработените и жителите на околните населени места.

Југохром стана мета на политички манипуланти, кои со цел да сокријат други неповолности, вината за загадувањето во полошкиот регион целосно ја префрлаат на комбинатот. Што е со над 100.000 возила во Тетово, кои секојдневно, цела година загадуваат! Поголемиот дел од нив се застарени и користат не еколошки горива. Што е со отпадот, дивите депонии! Тоа се работи кои доминантно нанесуваат штета. Фокусот на еколошките здруженија и институциите треба да биде на надминување на овие проблеми. Тоа е нешто што ние во Југохром не можеме да го смениме, можеме само да поддржиме еко иницијативи.


Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи