25 Април, 2024
0.0274

ЈУГОХРОМ ЗАТВОРЕН, ТЕТОВО ЗАГАДЕНО: Кој го загадува воздухот, нема одговор

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Затворањето на Југохром не го реши проблемот со загаден воздух во градот под Шара. Менаџментот најавува откази за вработените бидејќи фабриката неколку месеци не работи, а компанијата не е во состојба да ги плаќа работниците кога нема производство. 

Но, дали Јухором е единствениот и најголем загадувач на Тетово е дилемата што владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изминатата година постојано најавуваше дека ќе ја реши откако ќе ги добие податоците од анализите што се правеа во Финска. И, наместо одговор, сега од Министерството за животна средина се правдаат дека анализите биле неуспешни. Тоа пак отвора и дилемата дали некој намерно не сака да се утврдат вистинските причини за загадениот воздух, и како е можно да се потрошат пари за анализи а резултати да нема. 

Уште повеќе сомнежите се отвораат, ако се знае дека неуспешни останаа и повиците на менаџментот на Југохром, од каде на Министерството за животна средина му понудија, компанијата да ги плати сите трошоци а министерството да одлучи каде и како ќе се прават анализите, со кои треба да се утврди точно кој и во колкав процент го загадува Тетово.

Потрошени пари за анализи. Резултати за тоа кој е најголем загадувач на воздухот во Тетов – нема.

Во Тетово била поставена мерна станица, која требала да даде детални одговори за загадувањето, но на крајот аналзите финиширале без конкретни резултати. Од Министерството за животна средина сега се правадаат дека земенниот број на филтрите за анализа не биле доволни, а временскиот рок во кој се следела состојбата бил прекраток. Со што станува уште помалку јасно, како е можно да се спроведува таков проект, а да се направат такви пропусти, кои на крајот ќе резултираат без одговорите заради кои е почнат проектот.

Како одела целата постапка?

За да се утврди кој е најголем загадувач на воздухот во Тетово, поставена била мерна станица само на едно место. Тоа се правело во рамки на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на воздухот“, и финансиските средства не дозволувале вклучување на повеќе мерни места, појаснуваат од Министерството за животна средина.

Па така, една мерна станица била поставена во ОУ „Кирил и Методиј“, од која требало да се добијат детални анализи. Состојбата се следела четири месеци, во периодот од ноември 2015 година до крајот на февруари минатата година.

„Мерното место во Тетово е единственото во градот и како такво е избрано заради подетални анализи на составот на ПМ10 честитките односно одредување на концентрацијата на тешки метали, објаснуваат од Министерството за животна средина за Фактор.

Сепак, иако се мерел квалитетот на воздухот резултати нема. Па, од Министерството за животна средина сега се правдаат дека за неуспехот на мерењето имало повеќе фактори.

„ПМФ модел не се имплементираше во Тетово од причина што земениот број на филтри за анализа не беа доволни, а воедно и временскиот период беше краток, “ велат од Министерството за животна средина.

При тоа додаваат дека поради тоа неможе ниту да се каже кој и со колкав процент го загадува градот, но и дека се добиени податоци за концентрацијата на тешки метали.

„Оттука податок за процентуален удел на различните извори на загадување неможе да се даде. Од спроведената мерна кампања во Тетово се забележува дека годишните целни вредности на арсен, кадмиум и никел и годишната гранична вредност на олово не се надминати.“, додаваат од Министерството за животна средина.

И додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, работниците од Југохром се на работа на егзистенцијата, а компанијата затворена, никој во владата, и локалната власт не чувстува одговорост да се откријат сите причинители за загадувањето и согласно на тоа да се превземат соодветнни мерки.  

Наташа Стојановска

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?