18 Февруари, 2018
0.4910
    ALK 7998.4    -0.03%     GRNT 820    0.49%     KMB 3323.14    -0.67%     MKSD 239    19.5%     MPT 29500    0%     MTUR 4199    -0.02%     OHB 5050    0%     OKTA 3700    2.78%     RMDEN16 94.8    0%     RZLV 53    -1.05%     RZUS 134    -0.56%     SBT 2101    -1.82%     STB 940.57    0.06%     STIL 144.97    -0.02%     TEL 300    1.35%     TETE 2170    2.79%     TPLF 1627.92    4.65%

Juncker Plan: 820 милиони евра за кредити во соработка со ПроКредит Банка за МСП

Објавено во: Мои пари 10 Август, 2017

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит Групацијата обезбедуваат дополнителни 450 милиони евра за иновативни мали и средни компании, што вкупно изнесува 820 милиони евра пласман во кредити за бизнисите во 11 земји.

Финансирањето обезбедено од ЕИФ е пласирано преку ПроКредит Банките во Европа (Германија, Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Молдова, Украина и Грузија) и е наменто за компании кои инвестираат во нови технологии и производи.  До сега, со кредитите за иновации, ПроКредит има поддржано повеќе од 1000 иновативни мали и средни компани, а во следните години овој број ќе се зголемува.

Овие договори беа потпишани во согласност со InnovFin иницијативата на Европската комисија, поддржани преку програмата за истражување и иновации на ЕУ – Horizon 2020. InnovFin иницијативата им овозможува на банките да пласираат кредити за иновативни компании со гарантна шема обезбедена преку Европскиот Инвестициски Фонд. Договорот потпишан меѓу земјите членки на Европската Унија беше овозможен сo поддршка од страна на Европскиот Фонд за Стратегиско Инвестирање. Овој фонд е централен столб на Европскиот Инвестициски План за Европа, познат како “Juncker Plan”.

Pier Luigi Gilibert, Главен Извршен Директор на ЕИФ изјави: “Воодушевени сме што InnovFin гарантната шема за мали и средни претпријатија реализирана во соработка со ПроКредит Банка има доста позитивни резултати. Добро распространетата мрежа на ПроКредит банките, комбинирана со нивното искуство и експертиза за кредитирање на мали и средни претпријатија ни дава гаранција дека кредитите поддржани од Европската Комисија ќе бидат брзо пласирани во 11те земји каде што банката работи. Овие кредити ќе им овозможат на компаниите пристап до финансиски средства обезбедени од страна на Европска Унија и ќе го поттикнат иновативниот дух низ Европа.”

Jyrki Katainen, Потпретседател на Европската комисија, одговорен за вработување, раст, инвестиции и конкурентност, изјави: “Европската Комисија верува дека малите бизниси придонесуваат за развој на нови вработувања и раст во Европа. Со олеснување на пристапот до финансии, кој на претпријатијата ќе им овозможи нови инвестиции,  проширување на бизнисот и креирање нови работни места, Европска Унија активно ги поддржува малите и средни компании во Европа. Лично им посакувам голем број на успеси на претпријатијата кои го користат ова финансирање.”

Борислав Костадинов, Член на Управниот Одбор на ProCredit General Partner AG (единствен управен орган на ProCredit Holding AG & Co.)изјави: “InnovFin иницијативата со сигурност ја поддржа модернизацијата на малите и средни претпријатија во земјите во кои работиме. Благодарејќи на нашиот долгорочен однос со голем број на иновативни компании и работејќи како нивна матична банка, ПроКредит банките беа во можност да финансираат иновативни проекти во голем број на индустрии, особено во секторот за производство. На наше задоволство Европскиот Инвестициски Фонд и ПроКредит Групацијата одлучија да ја прошират соработка во поглед на оваа успешнапрограма.”

За ЕИФ:

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) е дел од Европската Инвестициска Банкарска Групација. Негова мисија е поддршка на микро, мали и средни бизниси во Европа преку овозможување олеснет пристап до финансии. ЕИФ вложува во развој на капитал, гаранции и инструменти за микрофинансирање кои се специјално наменети за овој сегмент од пазарот. Во оваа функција ЕИФ ги поттикнува целите на ЕУ за поддршка на иновативност, развој и истражување, претприемништво, раст и вработување. Повеќе информации за работата на ЕИФ поврзана со  ЕФСИ може да прочитате на тука.

За ПроКредит Групација:

ProCredit Holding AG & Co. KGaA, со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е мајка-компанија на меѓународната групација ПроКредит, која се состои од банки за мали и средни претпријатија и која работи со фокус на пазарот во југо-источна и источна Европа. Дополнително, покрај фокусот во овој регион, ПроКредит Групацијата е присутна и во јужна Америја и Германија. Акциите на компанијата се пласирани во Prime Standard сегментот на Берзата во Франкфурт. Стратегиски инвеститори на ProCredit Holding AG & Co. KgaA се Zeitinger Invest и ProCredit Staff Invest (вклучува инвестициите на вработените во ПроКредит), Dutch DOEN – дел од BV, KfW и IFC (дел од Групацијата на Светска Банка). Како раководна компанија на ПроКредит Банките, согласно Германската регулатива за банкарско работење, работењето на ProCredit Holding AG & Co. KgaA на конссолидирано ниво е под супервизија на BaFin- Германска федерална агенција за финансиска супервизија и Германската Bundesbank. Повеќе информации на www.procredit-holding.com

За Juncker Plan:

Планот за инвестиции за Европа, така-наречен “Juncker Plan” е еден од приоритете на Европската Комисија. Овој план има за цел зголемување на инвестиции кои креираат нови работни места и порастпреку искористување на нови и постоечки финансиски средства,  отстранување на пречките за инвестирање и овозможување пристап и техничка поддршка за новите инвестициски проекти.

Европскиот Фонд за Стратегиско Инвестирање (ЕФСИ) е централен столб на “Juncker Plan”. Иститот обезбедува гаранции во поглед на загуби, овозможувајќи ЕИБ да инвестира во поголем број, поризични проекти. Се очекува дека проектите финансирани преку ЕФСИ би мобилизирале повеќе од 209 билиони евра во инвестиции и би озбезбедиле поддршка за околу 427.000 мали и средни претпријатија во 28те земји членки.

InnovFin гарантната шема за мали и средни претпријатија основана како “ ЕУ InnovFin финансии за иновации” е развиена согласно програмата Horizon 2020, Рамковна програма на ЕУ за истражување и иновации. Истата овозможува гаранции и контра-гаранции за финансирање на кредити во износи од 25.000 евра до 7.5 милиони евра со цел поголем пристап до финасирање за иновативни мали и средни претпријатија (до 499 вработени). Гарантната шема е контролирана од страна на ЕИФ и се пласира преку финансиски посредници – банки и други финансиски институции во земјите членки на ЕУ и поврзани земји. Согласно оваа гарантна шема, финансиските посредници имаат гаранција од ЕУ и ЕИФ со цел заштита од загуби настанати при финансирање покриено со оваа програма.


Можеби ќе ве интересира

Искористете го ултра големиот попуст во Капитол мол

Искористете го ултра големиот попуст во Капитол мол

ЕВН Електродистрибуција ја завршува санацијата на дефектите во југозападните региони кои беа зафатени од невремето

ЕВН Електродистрибуција ја завршува санацијата на дефектите во југозападните региони кои беа зафатени од невремето

Заев со претставниците на Стопанската комора на Македонија: Создаваме позитивен економски амбиент за нови инвестиции и развој на конкурентноста

Заев со претставниците на Стопанската комора на Македонија: Создаваме позитивен економски амбиент за нови инвестиции и развој на конкурентноста

ПРОФИЛ: Eмилија Апостолска Темов „МУДРА ЖИВОТНА ОДЛУКА НА ЕДНА СЕМЕЈНА ЖЕНА“

ПРОФИЛ: Eмилија Апостолска Темов „МУДРА ЖИВОТНА ОДЛУКА НА ЕДНА СЕМЕЈНА ЖЕНА“

„Фчерашни новости“: Јелисалфета во канџите на еден пират

„Фчерашни новости“: Јелисалфета во канџите на еден пират

СРЕДБА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА И Р.М СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА КОМОРИТЕ И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

СРЕДБА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА И Р.М СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА КОМОРИТЕ И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

НИ ПРЕДСТОИ ВИКЕНД: Предлог дестинација за уживање во природа доловена преку камерата на Самсунг Галакси С8+!

НИ ПРЕДСТОИ ВИКЕНД: Предлог дестинација за уживање во природа доловена преку камерата на Самсунг Галакси С8+!

Вип промоција во припејд мобилната телефонија: Двојно повеќе интернет за иста цена

Вип промоција во припејд мобилната телефонија: Двојно повеќе интернет за иста цена

Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење

Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење