Јункер бара Европа да се посвети на Западен Балкан кој е најкомплициран
Објавено во: Балкан 15 Март, 2017
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер денеска во Стразбур изјави дека Западен Балкан е најкомплициран регион во Европа.
Тој ја повика ЕУ на регионот да му го посвети целото внимание коешто му е потребно
Претседателот на Европската комисија и Европскиот совет Жан Клод Јункер и Доналд Туск во текот на пленарното заседание на Европскиот парламент во Стразбур ги известија европските пратеници за дебатата којашто лидерите на ЕУ минатата недела ја имаа за ситуацијата на Западен Балкан.
Во Европскиот парламент во Стразбур со голема загриженост се следи развојот на ситуацијата на Балканот, вклучително и во Македонија.