Јункер: Британија може да ја напушти ЕУ откако ќе си плати 60 милијарди евра
Објавено во: Свет 24 Март, 2017
Европската комисија ќе и претстави на Велика Британија сметка во износ од 60 милијарди евра и дури по плаќањето ќе може да ја напушти Унијата. Ова го изјави шефот на ЕК Жан-Клод Јункер.
„Ние детално ги пресметувамње сите придонеси на Велика Британија и ќе и ја предадеме крајната сума“, изјави Јункер, цитиран од BBC. Во одговор на прашање дали износот е блиско до 50 милијарди фунти, тој одговори позитивно.
Британскиот премиер Тереза Меј очекува преговорите за Brexit да започнат официјално на 29 март. Тогаш ќе биде поставено и клучното прашање на преговорите за износот што Британците треба да го платат за да ги исполнат своите обврски кон ЕУ. Тоа ќе вклучува обврски, како што се исплата на пензии на претставници на ЕУ, финансирањето на инфраструктурата итн.
Британскиот парламент на 14 март го одобри нацрт-законот за Brexit без да внесува измени во него. Процесот на излезот на земјата треба да започне на 31 март. Предлог-законот беше одобрен без измени од двата дома на британскиот парламент - Домот на општините и Домот на лордовите - по 70 часа дебати. Еден ден потоа тој беше потпишан и од Кралицата Елизабета II.