Јункер го предупреди Западен Балкан да заборави на ЕУ, додека постојат гранични спорови
Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2018
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ги предупреди земјите од Западен Балкан кои се надеваат да се приклучат на Европската унија, дека ниту една од нив нема да биде поканета за членство, додека не ги решат сите гранични спорови со соседите, соопштуваат светските медиуми.
Јункер им кажал на европските пратеници дека „овие прашања мора да се решат пред пристапувањето или нема да има понатамошен пристап“.
Неговото предупредување дојде по говорот пред Европскиот парламент на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Хрватска и Словенија - и двете членки на ЕУ - имаат пограничен спор што произлегува од колапсот на поранешна Југославија во 1990-тите. Меѓу нивните спорови е тоа што Хрватска не се согласува со меѓународно решение кое на Словенија и овозможува непречен пристап до Јадранското Море.
Јункер претпоставува дека Србија и Црна Гора можат да се приклучат во 2025 година ако ги исполнат сите барања за членство.