ЈУНКЕР И ХАН ВО СКОПЈЕ: Со кого ќе се сретнат и за што ќе разговараат?
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2018
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер својата балканска турнеја ја почнува денеска oд Македонија.
Јункер во земјава доаѓа во придружба на комесарот за проширување, Јоханес Хан. Посетата е дел од нивната турнеја во регионот по повод Стратегијата за проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан.
Јункер е предвидено да се сретне со премиерот Зоран Заев, а по тет-а-тет средбата делегацијата на Владата ќе одржи и пленарна средба со делегацијата на ЕУ.
Јункер и Заев треба да одржат и заедничка прес конференција, потврдуваат од Европската Комисија.
Јункер до 1 март ќе ги посети сите шест земји од Западен Балкан.