23 Април, 2024
0.0251

„Јужен поток“ ја заобиколи- Хрватска жали

Објавено во: Балкан, Економија 03 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Претседателот на Хрватска  Иво Јосиповиќ изјави денеска дека одлуката на руската компанија „Газпром“ трасата на гасоводот „Јужен поток“ да ја заобиколи Хрватска е лоша вест и резултат на долгогодишната несистематска политика во стопанството. Претходникот на Јосиповиќ Стипе Месиќ, кој за „Јужен поток“ исто така  преговараше со рускиот претседател Владимир Путин  и истакна дека со оваа одлука Хрватска многу губи, односно гас кој директно би го добивала и стотини милиони евра за транзит. - Тоа е лоша вест и резултат на фактот дека со години немаме систематска политика во стопанството, дека не ја планираме иднината и фактот дека во однос не некои руски инвеститори направивме некоректни потези. Се надевам дека ова ќе ни биде повод да се промениме, изјави Јосиповиќ. Месиќ истакна дека е нормално гасоводот да минувал преку Хрватска, бидејќи се движи по коридорот по кој е и хрватскиот нафтовод. - Владата беше против, а не разбирам зошто, изјави Месиќ, кој се сомнева дека е можно што било да се поправи. Потпретседателот на „Газпром“ Алексадар Медведев потврди дека гасоводот „Јужен поток“ ќе минува низ Унгарија. – Можноста еден крак од него да минува низ Хрватска целосно е отфрлена, а одлуката за изградба низ Унгарија е конечна, истакна Медведев за време на потпишувањето на договорот со Унгарија. Гасоводот од Србија, која со „Газпром“ договорот го потпиша на почетокот на неделата, кај Суботица ќе навлезе во Унгарија. Трасата на „Јужен поток“ е од Црното Море преку Бугарија, Србија и Унгарија, од каде еден крак би одел кон Австрија, а друг кон северна Италија. Изградбата на „Јужен поток“ ќе чини околу 15 милијарди евра, а планирано е да биде пуштен во употреба во 2015 година. Во јужна Европа од Русија преку гасоводот годишно ќе се извезуваат 63 милијарди кубни метри гас.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот