29 Март, 2024
0.0246

Јужна Кореја ќе примени економски рестрикции против Северна Кореја

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Јужна Кореја денеска треба да потврди дека ќе ги примени најновите санкции воведени против Северна Кореја и покрај заканите од Пјонгјанг дека ќе следи „немилосрдна одмазда“. Проширувањето на санкциите од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации поради лансирањето на балистичка ракета во декември го наведе Пјонгјанг да се закани и со изведување на трета нуклеарна проба. Министерството за финансии во Сеул соопшти дека ќе ги воведе потребните рестрикции за компаниите и поединците, кои се наведени во резолуцијата на Обединетите нации. Продолжувајќи со заканите Пјонгјанг денеска порача дека би можел да го укине заедничкиот проект за слободна зона на Северот доколку Сеул ги примени санкциите. Индустрискиот комплекс Каесонг, на севернокорејската страна на границата е модел на економска соработка меѓу двете земји, кој доби голем број пофалби. Во него се наоѓаат 120 компании од Југот, кои вработуваат 53 илјади Севернокорејци во секторите за производство на облека, обукви, апарати во домаќинбството, часовници. Производството, кое почна во 2004 година не е прекинато, ниту во моментови на најголема криза предизвикана со потопувањето на јужнокорејскиот брод и бомбардирањето на пограничниот остров во 2010 година. Меѓутоа Пјонгјанг остро реагираше кога Министерството за обединување најави во понедленикот дека ќе ја зајакне контролата на индустриските делови и матероијали, кои заминуваат во Каесонг во согласност со санкциите на ОН. „Доколку некој го допре Каесонг, дури и во најмал степен, ние тоа ќе го третираме како остри санкции против бас“, порача Пјонгјанг и додаде дека ќе ги повлече бенефициите за зоната и повторно ќе ја претвори во воена област

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?