16 Април, 2024
0.0257

Ќе има ли пари за пензии? Ристовски вели-ДА,Јакимовски вели-НЕ!

Објавено во: Финансии 11 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Трошоците што му се наметнати на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување , неминовно ќе доведат до зголемување на дефицитот во Фондот и проблеми во исплатата на пензиите во иднина, смета поранешниот министер за труд и социјала Стевчо Јакимовски . “ Тоа значи дека,  од некои 27 отсто во  2006 - та година (процент на пензии што се намируваа од Буџетот) сега имаме 35 отсто со сериозни индиции дека следната година ќе бидат 40 отсто. Тоа значи, 40 отсто од пензиите се намируваат од Буџетот.  Ако вака продолжи, за некои 12 до 13 години,  Република Македонија ќе треба половина од буџетот да даде за пензии. Тоа е многу сериозен проблем. Или втора варијанта , тогаш ќе мора драстично да се намалат пензиите или пак да дојде до драстично зголемување на покачување на придонесите “, вели Јакимовски. Сепак контра ваквиот тврдење е ставот на актуелениот министер за труд и социјлна политика,  Спиро Ристовски кој вели дека ,  трансферите од централниот Буџетот  во Фондот се планирани и дека нема никаков простор за паника туку тоа е само пуста желба на опозцијата да манипулира со пензионерите . “ И да , точно де ка трансферите од централниот Буџет  во Фондот за ПИОМ растат  од година во година,  но и тоа е контролирано и воопшто не сме доведени во некаква ризична фаза“ , вели Спиро Ристовски . Тој додава и дека во Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е стабилен и веќе долги години наназад пензиите се исплатуваат навреме. “Ние најавивме дека пензиите ќе се исплаќаат првата седмица во месецот без разлика на група и категорија . Така и се исплатуваат. Континуирано провејува приказната дека Фондот оваа година ќе крахира,  па, следната година ќе крахира. Но, тој никако да крахира.  Тоа е само желба на опозицијата и нормално е ги таргетира пензионерите, бидејки во дел од  семејствата пензијата можеби е основен избор на егизтсенција. Во Република Македонија ние немаме проблем со функционирањето на Фондот. Јас, она што го говорев,  го говорев во однос на она што не очекува во следните 20, 30 или 50 години, смета Ристовски.   Исплатата не пензиите за сегашните пензинери, висината на пензиите за идните пензионери, стабилноста на пензискиот систем ќе бидат тема на вечерашната економска емисија на АЛСАТ–М во 18 часот и 25 минути.  

Можеби ќе ве интересира

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

Ангеловска-Бежоска: Народната банка втора во светот која учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

Ангеловска-Бежоска: Народната банка втора во светот која учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

(ВИДЕО) Благодарение на него Норвежаните знаат каде им се парите

(ВИДЕО) Благодарение на него Норвежаните знаат каде им се парите

ГРЦИЈА НУДИ БЕСПЛАТЕН ОДМОР ЗА 25.000 ТУРИСТИ: Внимавајте на условите, а еве ги деталите

ГРЦИЈА НУДИ БЕСПЛАТЕН ОДМОР ЗА 25.000 ТУРИСТИ: Внимавајте на условите, а еве ги деталите