Ќе се продаваат кипарските резерви на злато?
Објавено во: Свет 15 Април, 2013
Претстојната продажба на голем дел од златните резерви на Кипар е решение за проблемот на островот, објави денеска кипарската телевизија „Сигма“.
Според телевизијата продажбата на златото треба да се смета за завршена работа, по барање на тројката меѓународни кредитори ЕУ, ЕЦБ и ММФ, изнесено во одлуката на Еврогруата од 15 март.
Весникот „Филелефтерос“ го цитира лидерот на десно-центристичката партија „Демократски собир“ (ДИСИ) Авероф Неофиту, кој пред Парламентот ја потврди веста за претстојната продажба на злато од резервите на земјата во вредност од 400 милиони евра, потребни за реализација на антикризната програма на Владата.
Според изнесените податоци од Неофиту Кипар моментално располага со 446 илјади унци злато. Со сегашниот курс на златото на меѓународниот пазар од околу 1560 долари за унца и курс на еврото од 1,31 во однос на доларот вкупната вредност на кипарските резерви на злато изнесуваат 5390 милиони долари.