23 Април, 2024
0.0281

КАДЕ ЧЕКОРИ ЕКОНОМИЈАТА: Ќе има ли повисоки плати и стабилни пензии?

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Додека Светска банка изрази оптимизам за економскиот раст, прогнозирајќи дека во 2018 стапката ќе изнесува 3,2 отсто, во исто време посочи и на слабостите во одржливоста на пензискиот фонд, најавувајќи потреба од законски измени. И догодина, буџетските трансфери од централно ниво до Фондот за пензиско осигурување ќе се зголемат за околу триесеттина милиони евра, со што зависноста на фондот, а со тоа и зависноста на пензиите  од буџетски пари продолжува да расте. Влада гарантира редовна исплата и на пензии и на плати во годините што следуваат, а овие оценки и прогнози се вградени и Фискалната стратегија 2018-2020 година.

Трошења за пензии, плати, надоместоци, додатоци ...

Дисциплинирано трошење на буџетските пари, засилено со рестриктивност и ригорозна контрола на помалку продуктивните трошоци. Ова го најавува Владата со буџетската 2018 година, кога на сила стапува новиот Буџет, прв со потпис на сегашната власт. Пари за редовна исплата на плати, пензии и сите планирани трошења ќе има, посочува креатрот на економските политики.

“Расходната страна на Буџетот на Република Македонија во наредниот среднорочен период ќе биде во функција на редовно и навремено исполнување на сите законски обврски, поддршка на домашната економија, интензивирање на инфраструктурните проекти и засилување на дисциплинираната буџетска потрошувачка со нагласен акцент на рестриктивност и ригорозна контрола на помалку продуктивните трошоци“ - се наведува во Фискалната стратегија 2018-2020 година, која стаса на усвојување во Собранието.

Буџетските трошења, односно расходи, во овој тригодишен период во пресек ќе изнесуваат 31,7% од Бруто домашниот производ. Токму кај трошењата се најавува засилен мониторинг. Платите во јавниот сектор ќе растат, но не за сите .

“Во делот на расходите за плати и надоместоци, продолжување на стриктната контрола на новите вработувања и етапно зголемување на платите на одделни сектори согласно фискалните можности“ - се нотира во новата Фискална стратегија,.

Редовна ќе биде исплатата и на социјалните надоместоци и на пензиите, па така во документот се наведува: 

“Навремена исплата на пензиските примања и социјалните надоместоци, со цел обезбедување подобра материјална состојба на корисниците на овие права. Во рамки на среднорочните проекции планирано е редовно сервисирање на обврските по основ на социјалните надоместоци за социјално најзагрозените семејства во вид на социјална помош, детски додаток, надоместоци по основ на права на инвалидизираните лица, воени и цивилни инвалиди“.

Додека Владата гарантира редовна исплата на пензии, крепени со буџетски пари, една од препораките на Светска банка, е токму потребата промени кои ќе обезбедат одржливост на пензискиот систем.

“И во минатото имавме константно зголемување на пензиите. И во периоди кога имаше негативна инфлација, имаше пет насто зголемување. Ако би се аплицирал законот со швајцарската формула, зголемувањето да изнесува 50 проценти од просечната инфлација и 50 проценти од просечната плата, тоа по наши пресметки би било некаде околу 7 до 8 проценти од 2012 до 2017 година. Вака имаме зголемување од околу 20 насто на реална основа, што создава притисок на пензискиот фонд. Првата препорака е Владата да ги одмери тие ад хок зголемувања, односно да се придржува на законската регулатива“ – изјави Бојан Шимбов од Светска банка, непрецизирајќи дали законските измени би опфатиле и зголемување на старосната граница за пензионирање.

Од Владата за “Фактор“ велат дека во тек се анализи, во координација и по препорака на Светска банка токму за пензискиот систем врз основа на кои се подготвуваат и законски измени, но децидно се посочува дека нема да се зголеми  старосната граница за пенизонирање.

Помала буџетска дупка – како и со кои пари ќе се сервисираат обврските ...

Она што досега беше најавувано и препорачано од страна на економистите и меѓународните инстутуции, според напишаното во Фискалната стратегија, треба да се спроведе во следните неколку години – намалување на буџетскиот дефицит. Минусот во државната каса ќе се намалува и како апсолутен износ и како процент од БДП.

Еве каква динамика за буџетскиот дефицит предвидува Владата во следните три години:

2018 година  296,4 милиони евра  2,7% од БДП

2019 година  291,5 милиони евра  2,5% од БДП

2020 година  274,4 милиони евра  2,3% од БДП 

Во анализираниот период по основ на отплата на домашни и странски заеми, државата треба да врати 1,2 милијарди евра. Еве по години, како се движи износот на средства што треба да бидат раздолжени:

2018 година  368 195 121 евра

2019 година  243 154 471 евра

2020 година  590 699 186 евра

“Со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот за рефинансирање, основна заложба на Министерството за финансии ќе биде зголемување на рочноста на издадените хартии од вредност преку издавање на државни обврзници со подолги рочности.“ - се наведува во Фискалната стратегија.

Во пакет со определбата за намалување на буџетскиот дефицит, Владата ги зацрта и границите кои нема да бидат пробиени во однос на Јавниот и на гарантираниот долг.

Нивото на вкупниот јавен долг на среден и долг рок да не надминува 60% од БДП. Износот на гарантираниот јавен долг во наредните три години да не надмине ниво од 13% од БДП“ - пишува во стратешкиот документ на Министерството за финансии.

Државниот долг, според последните информации,изнесува 3,8 милијарди евра или 37,8% од БДП.

Просечното учество на расходите на Буџетот на Република Македонија во периодот 2017-2020 година изнесува околу 31,7% од БДП.

А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска