20 Април, 2024
0.0253

Kаде е завршната сметка за буџетот – доказот за тоа како се трошеле парите?

Објавено во: Финансии 05 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

На кој начин и за што се потрошија 2,6 милијарди евра – буџетски пари? Колку изнесува реализацијата на планираните капитални трошоци? Што се случуваше со приходите, а што со расходите во буџетската 2012 та година? Завршната сметка за Буџетот 2012 та – пратениците сеуште ја очекуваат да стаса на адреса на Собранието. Зошто е значајна завршната сметка? Овој документ, кој е законска обврска за секоја власт, без разлика за која политичка гарнитура станува збор, мора да го помин2 собранискиот филтер и да биде на увид на јавноста – коментираат експертите за “Фактор“. „Во минатото практикувавме Завршната сметка за буџетот да влезе во собраниска процедура некаде во текот на месец април, или четири месеци по завршување на буџетската година. Овој документ е значаен бидејќи тој покажува како и за што “дефакто“ се потрешени буџетските пари“ – вели за “Фактор“ академик Таки Фити. Од Министерството за финансии не добивме одговор кога Завршната сметка ќе влезе во собраниска процедура и која е причината за доцнењето, како што обвинија од опозициската СДСМ. Експертите посочуваат дека законската обврска мора да биде испочитувана. “Кога се дефинаираат буџетските позиции, власата прокетира расходи и приходи. Во меѓувреме, поради различни причини може да се случат и поместувања, односно ребаланс на буџетот. Завршната сметка токму ќе ги покаже и прикаже конечните состојби на вкупните приходи и трошења, односно да ги прикаже можните големи разлики на приходната и расходната страна на буџетот“ – објаснува академик Фити. Опозицијата ќе предложи казни! Завршната буџетска сметка е значајна како и секоја завршна сметка на секоја фирма во земјава – велат од опозициската СДСМ од каде ја повикаа владата да го достави предлогот до Собранието. „Додека буџетот не се оствари, односно не се реализира, тој всушност претставува само “предвидување“, но кога ќе се оствара тогаш веке не е тоа, и Владата мора да поднесе отчет што “де – факто“ се случило во однос на трошењето на народните пари. Покрај тоа (давањето на  "обичен" отчет), Владата би морала и да понуди аргументи за правдање на трошоците “ – вели за “Фактор“ Ванчо Узунов, универзитетски професор од опозициската СДСМ. Тој смета дека Завршната сметка не е само “формалност“ туку клучен доказ за исправноста на владините буџетски политики. По повикот на СДСМ за Завршната сметка, во текот на викендот се огласи владеачката ВМРО – ДПМНЕ. “Податоците за државните финансии се јавни и достапни до сите граѓани на Република Македонија и до меѓународните финансиски институции во кои членуваме. Повикот на СДСМ е очаен чекор за привлекување внимание и извртување на вистината. ММФ потврди во својот Извештај дека Македонија има ниско ниво на државен долг, како и умерен буџетски дефицит. Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа, а шефицата на мисијата на ММФ при својата последна посета јавно го демантираше СДСМ во нивниот обид да прикажат дека Македонија ја очекува грчко сценарио “ – оценија од партијата на власт и додадоа: “Катаклизмичните претскажувања на експертите на опозициската партија никогаш не се реализираа. Во земјава во најтешкиот период за европската економија влегуваат и инвестираат странски компании и отвораат голем број нови работни места. СДСМ не можеше тоа да го постигне кога светската економија го доживуваше економскиот бум“ – напиша ВМРО ДПМНЕ во писмената реакција. Опозицијата најави дека ќе предложи законски измени за воведување на казнени одредби. „Во однос на казнените одредби, според сегашната регулатива тие не се предвидени, како што е случајот, на пример, за недоставување на завршна сметка на фирма, или за недоставување  на даночна пријава на граѓанин. Идејата е да се внесе обврска поткрепена не само со "морал, туку и со реална казна“ – вели Узунов од СДСМ. Лани, Завршната сметка за Буџетот 2011 та година беше усвоена на почетокот од месец септември, откако претходнo го мина собранискиот филтер.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин