20 Април, 2024
0.2513

Каде е жената на македонскиот пазар на труд?

Објавено во: Економија 08 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска е 8-ми март, ден кога се одбележува борбата на жените за политичка, економска и социјална рамноправност. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД. Но дали по 108 години жената успеа да ја добие рамноправноста со мажите во општеството?

Во Македонија родовата еднаквост е загарантирана со Устав. Постои Закон за еднакви можност, Стартегија за родова еднаквост,Закон за спречување дискриминација. Но сепак во пракса состојбата е поинаква. Иако жените се помасовно се пробиваат во јавната сфера, сепак мал процентот на жени што се наоѓаат на високи раководни позиции. Споредено со годините наназад , македонското општество бележи напредок во однос на правата и статутот на жената денес. Податоците покажуваат дека од вкупниот број на дипломирани студенти 57,1 се жени, а од вкупниот број на магистри 58,6 се магистри. Бројот на жени доктори на наука изнесува 143. Според податоците од Државниот завод за статистика вкупниот број на вработени жени изнесува 282 илјади. Од нив , 76,3 отсто работат во приватен сектор, 95,3 отсто работат цело работно време. Над 30 проценти од новите фирми во приватниот сектор се отворени од жени, кои се застапени со 12 проценти на менаџерски позиции.

„Бизнисот не може да се дели на машки и женски. Меѓутоа сите стереотипи, фамилијарното, грижата за семејството, грижата за децата сето тоа ни прави родово неизбалансирано општество за да може жените да прават развој во бизнисот. Имаме околу 12 отсто жени на менаџерски позиции, меѓутоа ако земеме предвид дека повеќето се во институции и установи, како што се школи, градинки итн, ќе сфатиме дека во приватниот сектор ни недостасуваат жени на управувачки позиции, а уште помалку имаме жени на раководни позиции во поголемите компании“, вели Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени на Македонија.

Дали мажите и жените се рамноправни?

Според истражувањето на Институтот за економски истражувања и политики „Finance think“, во Македонија жените во просек заработуваат 12,5% помалку од мажите, а овој јаз се зголемува и до 28.4% кај лицата без образование или само со основно образование. „Најголем дел од овој јаз го објаснува неактивноста на жените на пазарот на труд. Постојат повеќе причини зошто овие жени може да не се случајно надвор од пазарот на труд. На пример, поради традиционалната улога на жената во Македонското општество на домаќинка и одгледувачка на деца, поради жените кои се неплатени семејни работници, особено во земјоделието, жените кои не работат бидејќи мажот мигрирал и им испраќа дознаки и така натаму. Од економски аспект, жените сеуште не се еднакви со мажите во Македонија. Имаат помала активност на пазарот на труд, имаат повисока невработеност и во просек заработуваат помалку“, вели Благица Петрески, извршен директор на Институтот за економски истражувања и политики „Finance think“.

Истражувањето покажува дека голем процент од професиите кои плаќаат минимална плата се во индустрии или сектори во кои

доминира женската популација, а дополнително, во текстилната и кожарската индустрија, минималната плата е пониска од националната минимална плата.Според Петрески потребни се низа активнопсти на различни пунктови за да се намали родовиот јаз во платите.

„Најпрво, да се надминат стереотипите на поделба на машки и женски улоги и да се подигне свесноста за потребата од економска еднаквост на жените и мажите. Потоа да се зголеми свесноста за потребата од професионално профилирање на жената, покрај улогата на домаќинка. Покрај свесноста која е долгорочна цел, и за која е потребна поддршка од целокупното опшество,а  пред се од семејството и партнерите, на краток рок може да се преземат конкретни мерки. Мерките би биле во насока да создадат услови жената да може да се активира на пазарот на труд и да биде попродуктивна. Дел од овие мерки вклучуваат, изградба на градинки, воведување флексибилни работни часови, мерки за потикнување женско претприемништво, да се избегнува професионална надградба надвор од работното време, и слични мерки“, вели Петрески.

Неодамнашното истражување на американскиот сајт „Management issues“, покажало дека колку повеќе жени има во бордот на директори во едно претпријатие, толку поголеми успеси ќе реди фирмата. Според истражувањето 66% повисоки се приходите од направените инвестиции во компаниите во кои има повеќе жени на водечки позиции отколку мажи.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?