20 Април, 2024
0.2473

Каде ќе бидат притворени Грујевски и Бошковски?

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујевски, и Никола Бошковски, вработен во УБК,  кои вчера беа уапсени во Грција денеска ќе бидат изведени пред Обвинителството во Солун. 

Ќе им биде одредено во кој затвор ќе бидат притворени до комплетирањето на предметот за нивна екстрадиција, велат од Министерството за правда.

„При пасошка контрола биле евидентирани со фалсификат бугарски пасоши и притоа е утврдено дека за нив е распишана медународна потерница од Интерпол по барање на МВР на Република Македонија. Во информацијата е наведено дека Грујевски и Бошковски во текот на денот ќе бидат изведени пред обвинителот на Солун и ќе биде одредено во кој затвор ќе бидат притворени сé до комплетирање на предметот на екстрадиција”- се вели во соопштението на Министерството за правда.

Грујевски и Бошковски три месеци се во бегство. Нив мерката притвор што им беше одредена откако СЈО поднесе обвиненија за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, заради незаконско прислушување  преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан