КАДЕ ОТИДЕ ЦЕЛА ДРЖАВА: Германците ја избришаа од мапа
Објавено во: Свет 26 Април, 2017
Читател на еден полски портал пратил фотографија од глобус кој е купен во Германија и на кој на чуден начин Германија се граничи со Русија, а меѓу нив недостигаат неколку земји меѓу кои и Полска.
Порталот е загрижен за овој глобус кој ќе го видат многу германски деца.
„На глобусот произведен во Германија ја избришале Полска, а Русија „проголтала“ неколку земји“ - пишува порталот.
Од порталот прашуваат што ќе научат децата во Германија кога ќе го гледаат овој глобус.