23 Април, 2024
0.0277

Каде сакаат да живаеат милијардерите?

Објавено во: Стил 14 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Мултимилионерите можат да живеат кадешто ќе посакаат и да поседуваат и по неколку имоти во најскапите градови во светот. За инвеститорите во луксузни недвижности кои сакаат да ги вкусат најжешките пазари во светот, консултантската компанија „Knight Frank“ гим објави најпосакуваните дестинации за купување, пишува Форбс. Така Лондон годинава се најде на првото место, веднаш по него се Њујорк и Хонгонг. Во првата петорка како посакувани места за купување недвижности на милјардерите се Париз и Сингапур. Првата десеторка ја заокружуваат Мајами, Женева, Шангај, Пекинг и Берлин. Инвестициите во луксузни имот зтрастат дури и на инаку мирниот пазар во Европа како целина. Минатата година цените на повеќето врвни станбени локации се зголемија во однос 2011 година до нови рекордно високи нивоа, соопштија неодамна од агенцијата за луксузни имоти „Engel & Völkers“. Пред неколку дена од „Knight Frank“ го потврдија трендот, дека во Дубаи е регистриран најголем раст на кириите на луксузните имоти во првите три месеци од годината.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган