28 Јули, 2017
0.1312

КАДЕ СЕ ДВИЖИ СВЕТОТ: Ќе се пензионираме на 80 години, а нашите деца - на 100?

Објавено во: Анализа 05 Мај, 2017

Експертите се категорични дека во овој вид, современите пензиски системи ќе престанат да функционираат за неколку децении, а човештвото или ќе треба да го преиспита концептот за пензионирање, или ќе треба да работи до многу подлабока старост. 

Според футурологот Рохит Талуар, извршен директор на компанијата "Fast Future", денешните деца може да се пензионираат на 100 години, менувајќи 40 работни места во текот на животот. Пред еден век просечниот животен век бил 42 години, но денес тој е двојно поголем. Луѓето живеат подолго, имаат потреба од повеќе ресурси, а научниците постојано развиваат начини да продолжат уште повеќе човечкиот живот и да го забават процесот на стареење. 

„Секоја година ние додаваме по уште 3 месеци кон должината на животот. Многу е можно научниците да откријат пат кон долговечноста и најверојатно тоа ќе се случи во следните 15 - 20 години. Ова ќе се одрази на економијата, вработувањето, на пензискиот систем. .. Човештвото нема да види слични нешта“, вели Салим Исмаил, поранешен директор за иновации во „Yahoo“. Според истомисленици на Исмаил веќе се родил човекот кој ќе живее до 150 години. Тоа би го променило основниот концепт за пензионирање, бидејќи луѓето ќе треба да работат дури и по навршувањето на 80 - 90 години. 

Според економистите денешните млади и луѓето над 30 години ќе треба да работат до 70 - 80 години, за да се пензионираат.

Водечките европски економии ја разбираат потребата од промена на моделот и затоа регистрираат постојано зголемување на возраста за пензионирање. Централната банка на Германија на пример направи предлог минатата година возраста за пензионирање да се зголеми до 69 години до 2060 година.  Во 2011 година Парламентот на Чешка одобри укинување на возраста за пензионирање на 73 години, која треба да стане факт по преодниот период од 55 години. Италија одлучи да ја израмни возраста за жените и мажите на 66 години во 2018 година, а Велика Британија планира да воведе возраст за пензионирање од 67 години меѓу 2026 година и 2028 година.

Токму на Островот експертите се едни од најпознатите по несогласувањето. Таму проценуваат дека во наредните 30 години, всушност на луѓето ќе им се наложи да работат до 80-годишна возраст. Според експертот за темата Рос Алтман пак новите генерации воопшто нема да ја согледаат традиционалната за нас идеја за пензионирање и кај нив таа нема да работи. Според него иднината на денешните млади се крие во идејата за „фазно пензионирање“, која вклучува работа со скратено работно време, преминување на консултантски функции или привремен прекин на работа. 

Експертите се категорични дека концептот на штедењето е клучен фактор во случајот и како луѓето живеат подолго, ќе треба и да почнат да штедат повеќе од порано. Според нив, за да се радуваат на удобна старост, денешните работници треба да штедат барем 15% од платата. Стареењето, демографската криза и ограничениот јавен ресурс - проблеми со кои се борат сите развиени земји, ќе ја стават на карта иднината на пензионирањето. 

„Потребен е радикално нов модел. Општествата денес се сведоци на демографска промена, невидена досега. Никогаш порано во човечката историја немало стареечки општества. Односно, има повеќе луѓе над 60 години, отколку под 5 години“, вели Лиса Беркман, професор по јавни политики, епидемиологија, глобално здравје и население во Харвард. Стареењето на населението е едно од најголемите предизвици за човештвото. 

„Ова ќе биде биде голем проблем. Треба да се земе предвид и неоспорениот факт на возрасната дискриминација - идните работодавци едноставно нема да сакаат да вработуваат возрасни луѓе. Ставена студија на случај е и прашањето неспособните луѓе да работат до длабока старост. Луѓето кои страдаат од болести и оние со посебни потреби, кои се околу половина од постарото население, нема да можат да работат и ќе бидат изведени пред многу големи тешкотии“, додава Беркман. Според експертите е премногу најверојатно идните пензионери да бидат многу посиромашни отколку денешните.

Можеби ќе ве интересира

Уште Зврлевски да биде сменет па ќе „тргне“ со реформите

Уште Зврлевски да биде сменет па ќе „тргне“ со реформите

Има ли ефект листата со должници на УЈП – Што планира новото раководство за наплатата?

Има ли ефект листата со должници на УЈП – Што планира новото раководство за наплатата?

Кои се домашните акционери кои земаа над 100.000 евра од дивиденди?

Кои се домашните акционери кои земаа над 100.000 евра од дивиденди?

Какви законски промени се „крчкаат“ за полагање за возачка?

Какви законски промени се „крчкаат“ за полагање за возачка?

Колкава загуба „сработе“ менаџерот Марјан Додовски во Еурокомпозит Прилеп?

Колкава загуба „сработе“ менаџерот Марјан Додовски во Еурокомпозит Прилеп?