Каде ќe се сретнат утре Путин и Трамп?
Објавено во: Свет 09 Ноември, 2017
Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се состанат утре во Виетнам.
Тоа е она што помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков им го кажал на руските агенции. Средбата "ќе биде на 10 ноември", "но времето се усогласува", рече Ушаков.
Двајцата водачи ќе учествуваат на состанокот за економска соработка меѓу Азија и Пацификот во градот Дананг во Виетнам.