Составот во МРТ ќе се смени по усвојување на новиот закон
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018
Ќе се овозможи професионално и непартиско раководење на МРТ и АВМУ. Oва денес го кажа владиниот портпарол Миле Бошњаковски кој вели дека Владата на Република Македонија нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија.
„Овој избор е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој се уште функционира во стариот состав, а граѓаните на Република Македонија добро знаат кој членува во тој состав, на кој начин работеше и под чии влијанија“, истакна Бошњаковски додавајќи дека веднаш по усвојување на новиот закон за аудио аудиовизуелни услуги ќе се овозможи професионално непартиски нови раководни позиции и во Македонската радио телевизија и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ).
Новиот закон се очекува да помине на владина седница до крајот на неделава.