22 Октомври, 2017
0.4623
    ALK 7595.8    0.62%     BESK 11000.07    -0.92%     KMB 2800    -0.01%     MKSD 232    0%     MPT 28032.26    -0.95%     OHB 5367.09    -1.52%     REPL 52500    -0.23%     RZLV 45    0%     RZUS 129    1.57%     SBT 2180    -2.64%     STB 940.91    -0.33%     STBP 680    0%     TEL 274.5    0.92%     TNB 13300    -1.48%     TTK 828    0.12%

Како Агрокор се „изеде“ самиот себе?

Објавено во: Балкан 18 Март, 2017

Последните вести кажуваат дека Ивица Тодориќ со заби и нокти се држи за своето „чедо“, но Русите доаѓаат и се знае што следува понатаму, пренесува aljazeerabalkans

„Нека пазарот го направи своето“, ова две и пол децении го повторуваат аналитичарите или економски ориентираните новинари. 

„Не сме веќе во социјализам, оној кој не вреди нека пропадне, а оној кој вреди нека опстане. Не може државата никого да спасува. Таа може да создаде законска рамка кој ќе им помогне на претприемачите да ги развијат своите идеи. Сè друго нè  води во југословенски, самоуправен начин на функционирање, од кој едвај излеговме, а знаеме каде тој не доведе“. 

И така од ден во ден и од година во година. Се менуваат по телевизии, медиуми, портали, сопственици кои сакаат да му докажат на народот дека од Дунав до Превлак, па и од Вардар до Триглав делува капитализам. А во капитализам нема место за фирми кои сакаат да се спасуваат на државни јасли. 

И така се до пред некој ден, кога дојде до пресврт. Се урна комплетниот деловен систем на последниот хрватски тајкун од 1990 година. 

Ивица Тодориќ, последниот меѓу нив, најдобриот меѓу нив и најпаметниот меѓу нив не издржа. 

Неговите претпријатија не беа бакномат за политичарите. 

Но, тој не беше ни доволно способен, ни доволно паметен, или не беше доволно пазарен и на крајот се „изеде“ самиот себе. 

Медиумите со години, барем оние во Хрватска знаеја што се случува со Тодориќ. Но, објавуваа малку од нив, само оние маргиналните. Многу од нив молчеа, а големиот „газда“ беше одмаздољубив. Секој негативен збор се претвораше во оглас помалку. Заради таква вест,  Europapress holding цел месец остана без оглас. 

Сите можеа да видат од финансиските извештаи на Агрокор дека нешто не е во ред. 

Секој кој малку го следеше развојот, можеше да сфати за што станува збор. 

Ако некој по војната за неполни три години купи фирма за флаширање на водата Јамница, па сладоледите Ледо, па солана и други фирми, за милиони евра, може да се сфати за што се работи. Инаку овие компании се купени на кредит, со можност за излез на берза, што Агрокор никогаш не го направи. Некои од фирмите каде Тодориќ има голем удел се на берзата. 

Сепак, државата наоѓаше начин да застане често зад него. Неговите кадри биле на значајни државни функции, а потоа пак се враќале кај него. 

Агрокор се ширеше во Хрватска и регионот, а медиумите молчеа. 

Иако имаше политички проблеми при неговиот влез во Србија, работниците добија плата повеќе и така се одеше од кредит во кредит. 

Moody и Standard&Poor' го снижија рејтингот на Агрокор, а веста беше објавена „срамежливо“. 

Како Агрокор ќе се извлече не се знае, но Тодориќ нема да биде на чело на компанијата. 

Работниците најверојатно ќе останат без работа, а што ќе се случи понатаму не се знае. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПАД И УСПОН НА ДИНАСТИЈАТА ТОДОРИЌ: Од трошна куќа во селце до раскошен луксуз во дворец

(ВИДЕО) ПАД И УСПОН НА ДИНАСТИЈАТА ТОДОРИЌ: Од трошна куќа во селце до раскошен луксуз во дворец

Локални избори во Косово

Локални избори во Косово

ЕРДОГАН ГИ НАВРЕДИ САД: Америка не може да се нарече цивилизирана држава

ЕРДОГАН ГИ НАВРЕДИ САД: Америка не може да се нарече цивилизирана држава

КРИЗА ВО АЛБАНИЈА: Бивш министер тргувал со дрога

КРИЗА ВО АЛБАНИЈА: Бивш министер тргувал со дрога

КРАДЕЛ ПОДАТОЦИ ОД БАНКОМATИ: Успеал да подигне илјадници евра

КРАДЕЛ ПОДАТОЦИ ОД БАНКОМATИ: Успеал да подигне илјадници евра

Хрватска со меѓународна потерница ќе го бара Ивица Тодориќ

Хрватска со меѓународна потерница ќе го бара Ивица Тодориќ

Изетбеговиќ: Европа не им припаѓа само на христијаните

Изетбеговиќ: Европа не им припаѓа само на христијаните

ИРСКА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА: Заминала за подобар живот, сега има плата 3 пати поголема

ИРСКА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА: Заминала за подобар живот, сега има плата 3 пати поголема

ИЗЕТБЕГОВИЌ ЈА ОСТАВИЛ БИХ ВО АМАНЕТ НА ЕРДОГАН: За Додик ова е скандалозно

ИЗЕТБЕГОВИЌ ЈА ОСТАВИЛ БИХ ВО АМАНЕТ НА ЕРДОГАН: За Додик ова е скандалозно