18 Април, 2024
0.0261

Како БЕСА од надежна албанска партија се доведе до пораз?

Објавено во: Анализа 30 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Покрај ВМРО-ДПМНЕ на овие избори гледано според резултатите голем губитник е и албанската опозициска партија БЕСА која освои само еден градоначалник во општина Желино. Таму Бљерим Сејди го победи Фатмир Изаири од ДУИ со околу 350 гласови разлика. Сепак, БЕСА не успеа да се наметне во ниту една поголема општина во Македонија каде има мнозинско албанско население иако големи надежи полагаше на победа во Чаир или Тетово. Во Чаир Ибраим Зеќирија не стигна да го победи Висар Ганиу кој доби огромна поддршка од Заев и СДСМ со што ДУИ си го задржа традиционалниот бастион во град Скопје. 

БЕСА по изборите на 11 декември на кои освои 5 пратеници се чинеше дека е партија меѓу албанското гласачко тело која е во подем, тие ја заменија ДПА како главна опозициска партија и со таквото делување требаше да го неутрализираат движењето на Зијадин Села кој привлекува огромно внимание. Сепак, на овие избори не успеаја ниту во првиот круг да забележат добри резултати, ниту пак коалицијата со Алијанса за Албанците на Села не им донесе никакви забележливи бенефити. Секако, Алијансата освои три градоначалнички мандати во Гостивар и околината во Врапчиште и Боговиње што може да се смета за успех и на коалицијата.

Главните причини за неуспехот на БЕСА треба да се гледаат во нивната уникатна положба. БЕСА не можеше да влезе во владата на Заев бидејќи таму предност имаше Али Ахмети со неговите 10 пратеници и одбра да делува како негова опозиција. Сепак, нагласената националистичка реторика во последниот период која се засили пред вториот круг на гласање, како и недоволно силните коалициски партнери беа пресудни за поразот на БЕСА. Очиледно е дека на албанските гласачи не им се доволни ветувања како тие за редефиниција на државата, ниту секојдневни проблеми и навраќање на минатото, како што беа обвинувањата дека ДУИ извршиле предавство на идеалите на УЧК. Таквите флоскули од страна на БЕСА и нивните поддржувачи беа навистина небулозни бидејќи играњето големи команданти како да излегува од мода меѓу албанските гласачи кои сакаат европска иднина, еднаквост и исти можности за успех, вработување, општествена почит и решавање на секојдневните проблеми, како на локално така и на државно ниво.

Неодлучноста на БЕСА посилно да се вклучи во реформскиот процес на Заев со кој беше стартуван владиониот пораз на Груевски исто така негативно се рефлектираше. Секако, за БЕСА ќе беше тешко во исто време да е дел од владата на Заев и да биде опозиција на Ахмети, но можеше посилно да се заложи во одредени дебати на страната на СДСМ што ќе дадеше знак дека можат да бидат партнер на кого би се гледало во некои други услови и идни избори. Наместо тоа СДСМ стана се поблизок до ДУИ и меѓусебната соработка на овие избори практично ја зацементира нивната коалиција како на локално, така и на државно ниво. 

Сега, БЕСА ќе мора најпрво да се „редефинира“ себеси и да покаже каква партија сака да биде, дали ќе продолжи да лови гласови со популистичка и националистичка реторика или пак ќе се отвори за сите граѓани и ќе понуди нешто посвежо во својот наратив.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза