Како биткоините на Џејмс Хауелс вредни 85 милиони евра завршија на депонија?
Објавено во: Свет 08 Декември, 2017
„Несреќи се случуваат. Едноставно продолжуваш да живееш со тоа“.
Ова е мотото со кое Велшанецот Џејмс Хауелс продолжи да живее откако неговите биткоини завршиле на депонија за отпад.
Тој за магазинот „Метро“ вели дека отсекогаш имал претчуство дека биткоинот ќе достигне вака висока вредност.
Сега се прашувате како биткоини вредни 85 милиони евра завршиле на депонија?
Пред четири години Хауелс по грешка фрлил стар хард диск, при едно „големо расчистување“ на домот во 2013 година.
Хард дискот завршил во контејнер за отпад а во неповрат со него отишле и неговите заштедени биткоини.
Хауелс во 2009 година почнал да „печали“ биткоини, при што за кусо време веќе поседувал 7.500 од овие криптовалути, кои ги зачувал во посебен фајл.
Неколку години подоцна тој го расклопил својот лап топ и го продал на делови, задржувајќи го само хард дискот, кој го оставил на „сигурно место“, но тоа сигурно место според приказната не било сигурно.
Доколку сега имаше можност да ги продаде тие 7.500 биткоини, Хаулес ќе заработеше околу 85 милиони евра.