КАКО ДА БАРАТЕ ПОКАЧУВАЊЕ: Стратегија која секогаш успева
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2017
Шефот можете да го прашате за покачување на плата само ако имате подготвен пристап.
Сајтот Inc пишува што треба да одбегнувате.
Не би требало да кажувате кои се вашите потреби. Ако имате деца и поголеми трошоци, тогаш ви требаат повеќе пари, но овој дел кај шефот ќе го прескокнете.
Ако се споредувате себе со колегите тоа нема да има ефект.
Треба да бидете најдобар работник во својот сектор.
Дојдете рано на работа и веднаш почнете да работите. Бидете пример за другите.
Бидете последни кои ги знаат најновите трачеви.
Повеќето луѓе чекаат покачување за да работат повеќе, но вие треба да направите обратно, да работите повеќе за да заработите повеќе пари.
Ако сето ова го направите, тогаш разговорот за покачување ќе биде полесен.