23 Април, 2024
0.0236

Како да го извлечете автомобилот заглавен во снег: Секој возач треба ова да го знае!

Објавено во: Стил 10 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Една од ноќните мори на секој возач е да се заглави во снег. Но и за тоа постои решение.

Најважно е да не паничите без разлика во какво невреме се наоѓате. Останете при себе и следете ги овие упатства ако не можете да се извлечете од снегот:

Немојте да ги вртите гумите во снегот и да давате голем гас. Така можете уште повеќе да го закопате во снег. Наместо тоа, убацете во најниската брзина и обидете се полека да се движите напред-назад додека не ги поминете снежните препреки околу себе. Ако тоа не ви успее, посипајте малку сол по гумите и околу нив, а сол треба да имате во својата кутија за итни ситуации во автомобилот.

Средствата за одмрзнување или перење на стаклото исто така може да ви помогнат за да се стопи снегот околу гумите, но тоа се советува дури ако не ви успее ништо друго. Повикајте служба за итни интервенции ако се работи за итна ситуација или ако не се чуствувате безбедно. Тие ќе ве поврзат со служба која ќе ви помогне или ќе ве посоветува што можете да направите.

Ако не се работи за итен случај и не успевате никако да се извлечете, повикајте шлеп служба која ќе ве извлече од снегот. Ставете триаголник за да ве забележат другите возачи на време. Исчистете го целиот снег и лед од ауспухот како гасовите не би влегувале во возилото. Останете во возилото додека помошта не стигне. Угасете го моторот и палете го на секои 10 минути како би ја задржале топлината и малку да се стоплите и вие и автомобилот.

Одење по длабокиот снег или силна бура не е паметно бидејќи со тоа ризикувате да се изгубите, смрзнете или да ве удари друг возач кој поради временските услови нема да ве воочи на време.

Пред да патувате по снежно невреме добро е да ја проверите состојбата на вашиот автомобил и што се имате во кутијата за итни ситуации.

Затоа во зима задолжително направете го следново:

-Проверете го притисокот во гумите

-Проверете ги сите течности во автомобилот и наполнете ги ако немате доволно

-Наполнете го багажникот со течност за прозорци од замрзнување

-Проверете ги бришачите-заменете ги гумичките на нив ако пукнале, напукнале или паѓаат од бришачите

Во кутијата за итни ситуации во зима е најдобро да држите во автомобил:

-рачна стругалка за стакло

-мала метла

-рачна батерија

-сол за посипување или песок

-ланци за гуми

-вода и грицки

-Дополнителни ракавици, шал и капа

-Ќебе и основни лекови како аспирин или аналгин

Ако живеете во места во кои снегот обично паѓа секоја зима, лопатата е корисен додаток на оваа листа.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган