29 Март, 2024
0.0254

Како да лансирате и менаџирате успешно нов бизнис?

Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Успешно лансирање и менаџирање нови бизниси беше тема на викенд предавањето кое беше организрано од Академијата за Менаџери, како дел од програмите за доквалификација на пост-дипломско ниво организирани во Скопје. Едукацијата понуди знаење како од новите бизниси можат да се креираат здрави организациски системи, структури и култури. Предавањето беше презентирано од страна на Виолета Сфури, раководител на додипломските студии по бизнис администрација на Катедрата за економија на меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - CITY колеџ. „Претприемништвото е движечка сила за раст на економијата, испитување на пазарните можности, планирање, организирање, односно процес  кој подразбира преземање на активности  со цел остварување на дефинираните цели. Денешните студенти се полни со креативност, извор на идеи, мотивирани да преземат ризик, и затоа наша обврска е од нив да создадеме бизнис лидери кои ќе можат лесно да се соочат со динамиката на ова општество и да бидат успешни претприемачи“, изјави Виолета Сфури, раководител на додипломските студии по бизнис администрација и на Катедрата за економија на меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - CITY колеџ. Дел од темите кои беа разработени како теоретски така и практично беа за тоа како менаџерите и претприемачите се соочуваат со предизвиците и проблемите во опкружувањето. Едукативниот модул беше насочен кон целосно разгледување на претприемачкиот процес, преземањето иницијативи, работното однесување, со посебен акцент на препознавање на можностите и критичните фактори во целиот тој процес. Специјален гостин на ова предавање беше основачот и ко-сопственикот на Логин системи Венко Глигоров, кој со практични примери им презентираше на студентите како да се креира подобра бизнис околина и на тој начин да се стимулира економскиот раст. Во текот на академската 2012-2013 година, Академијата за менаџери ќе одржи вкупно 12 викенд предавања за специјализирани квалификации од програмите: Стратешки маркетинг, Стратешки менаџмент и Финансии.

Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV