25 Април, 2024
0.0640

Како да направите добар план за стан?

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Почетокот на годината е идеално време за нови почетоци. Време кога поставуваме нови цели, прифаќаме нови предизвици, планираме, носиме мали и големи одлуки...

Одлуката за нов дом е секако една од поважните за нас и нашето семејство.

Но, што ни е вистински важно при носењето на една ваква важна одлука, особено ако имаме потреба од дополнителни парични средства?

Најпрво, започнува истражување на пазарот и на моменталните услови што банките ги нудат во овој сегмент – поволни каматни стапки, услови, максимални износи, трошоци... Успеваме да го стесниме изборот на неколку банки. Продолжуваме со: дополнителни придобивки, вклучено кредитно животно осигурување, ГАРАНТИРАНИ И ФИКСНИ КАМАТНИ СТАПКИ ДО 2030 ГОДИНА – и потрагата завршува во една банка - Охридска банка Сосиете Женерал и уникатната понуда ПЛАН ЗА СТАН со фиксна и гарантирана каматна стапка до 2030 г.

Минатата година, Охридска банка Сосиете Женерал го претстави концептот „План за стан“, кој по својата природа е единствен на пазарот, бидејќи на долг рок гарантира фиксна каматна стапка, што дефинитивно е една од поважните причини за долгорочни инвестиции. Со понудата за станбен кредит „План за стан“ со фиксна каматна стапка до 2030 г.”, граѓаните со сигурност ја знаат висината на нивната месечна рата на подолг временски период,  добиваат транспарентни услови, без дополнителни изненадувања.

„План за стан 2030“ нуди гарантирана фиксна каматна стапка која е промотивно намалена за првите три години, како и фиксна и гарантирана каматна стапка од 4-тата година до 2030 година.

Промоцијата нуди фиксна каматна стапка до 2030 година, која изнесува 3,90% за првите три години и 5,95% од четвртата година до 2030 година. Дополнително, клиентите, кои во рамките на промотивниот период до 10 февруари 2017 година ќе аплицираат за опцијата „План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030“, ќе бидат ослободени од банкарските трошоци: административен трошок, трошок за апликација и трошок за проценка на имот.

Уште една потврда за сигурноста што ја обезбедуваат производите на Охридска банка Сосиете Женерал се опциите за вклучено кредитно животно осигурување. Имено, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите, кои ќе аплицираат за станбениот кредит „План за стан 2030“, да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот, или целосниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.

На пример, за станбен кредит со кредитно животно осигурување во износ од 30.000 евра и со рок на отплата од 240 месеци, месечната рата во првите три години изнесува 187 евра, а од четвртата година до 2030 година e загарантирана да биде 217 евра месечно.

Во донесувањето на одлуката за нов дом, со станбениот кредит „План за стан со фиксна каматна стапка до 2030 година“, на клиентите им стојат на располагање експозитурите на Охридска банка Сосиете Женерал ширум Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет