20 Април, 2024
0.0260

Како да одговорите на прашањето: „Зошто треба да ве вработиме?“

Објавено во: Стил 12 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Сите сме го слушнале. "Зошто треба да ве вработиме?" Иако тоа е напумпано прашање, сепак е такво што секој кандидат треба да биде подготвен да го одговори. Тоа е прилично едноставно и јасно – HR менаџерот само сака да знае зошто вие ја заслужувате позицијата повеќе од другите кандидати (и може да има десетина кои ги исполнуваат условите). Ова е можност за вас да бидете асертивни, да ги потенцирате вашите квалификации и да ја покажете вашата возбуда за работното место. Еве три солидни начини на кои можете да му пријдете на вашиот одговор:

1. Одделете се од останатите

Прво, вие дефинитивно треба да зборувате за вашите уникатни квалификации и да се фокусирате на областите во кои сте експерти. Можеби одредена анегдота од поранешно работно место ќе ви помогне да објасните како вашите вештини биле од бенефит за компанијата во минатото. Ова ќе му даде на менаџерот за вработување подобра идеја за тоа како вашите вештини може да се префрлат во новата позиција. Кога ги истакнувате вашите силни страни, контекстот е клучен.

2. Споделете минати достигнувања (но не се фалете)

За да бидете дури и поспецифични, можете да се повикате на минати проекти за кои сте добиле признанија, но обидете се да останете смирени и скромни. Ако сте помогнале да се трансформира сектор или да се преработи производ, не се плашете да го споменете, но запамтете, постои тенка линија помеѓу довербата и ароганцијата. Што и да одберете да нагласите, бидете сигурни дека тоа е во линија со новата улога за која аплицирате и дека тие достигнувања се атипични. Притоа, избегнете споредување со други луѓе и само фокусирајте се на она што го носите на масата.

3. Дискутирајте идеи за подобрување на компанијата

Конечно, ако ја знаете индустријата внатре и надвор, чувствувајте се слободни да споделите конкретни идеи кои верувате дека ќе и дадат на компанијата предност. На пример, ако аплицирате за KA Менаџер во рекламна агенција, може да разговарате за новите трендови во онлајн просторот што може да доведе до маркетинг увиди. Исто така, можете да ја истакнете вашата професионална мрежа и како овие нови контакти ќе бидат поволни за растот на компанијата.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган