25 Април, 2024
0.0270

Како да препознаете кога некој ве манипулира

Објавено во: Стил 10 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Никогаш не можете да бидете сигурни кои се намерите на луѓето околу вас. Често се случува да бидете разочарани токму од оние луѓе кому му сте верувале.

Овие неколку совети ќе ви помогнат да препознаете кога некој манипулира со вас

Вечни негативци

Ако некоја личност постојано зборува негативно за други луѓе и шири дезинформации, голема е веројатноста дека е манипулатор. Ако забележите дека некој баш пријател, колега, бизнис партнер постојано ги преиспитува способностите и карактерот на останатите, најверојатно истото ви го прави и вам зад грб.

Претерано љубезни

И претераната позитивност и љубезност може да е знак дека не е се така розово. Оние луѓе кои се особено љубезни и се расфрлаат со комплименти кај познаници со кои штотуку се запознале, најверојатно е дека само лажно ласкаат и манипулираат.

Брзи на зборови

Манипулаторот ќе се обиде на најбрз начин да влијае врз вас со постојани пофалби и прашања упатени кон вас, со цел да ја залужи вашата доверба.

Тој и бргу „ќе ви се отвори” споделувајќи некое искуство кое можеби е и измислено, само да ве намами и вие брзо да се разоткриете.

Игра на емоции Манипулаторот ќе ви каже се што сакате да чуете, а за другите кои им стојат на патот до остварување на целите ќе зборуваат негативни работи. Тие лоши зборови ќе бидат вешто спакувани, за да се сложите со нив, незнаејќи ни самите зошто. Овие луѓе може да ве направат негативец во некоја ситуација, до степен што и вие ќе поверувате во тоа и ќе почнете да ги преиспитувате своите постапки и да се извинувате за своите дела, иако реално не сте направиле грешка.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти