23 Април, 2024
0.0249

Како да продадете приказна на важен настан за само половина минута?

Објавено во: Стил 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Без разлика дали сте на интервју за работа, дали се поврзувате на некој бизнис собир или забава, или пак наидете на потенцијален шеф во лифтот, имате многу малку време да ги заинтересирате. Тоа е најчесто околу 30 секудни, и за тоа време треба да ги убедите дека имате што да понудите.

„Повеќето луѓе може ефективно да се претстават себе си“, вели Пол МекДоналд, висок извршен директор во фирмата Robert Half“ за Бизнис инсајдер. „Не се навикнати да го претворат во зборови она со што се занимаваат“. Значи, работата е во вежбањето.

 МекДоналд, не вложува во тоа со што се занимавате, и што сакате да продадете или претставите, туку дава примери како ефективно да привлечете внимание.

1. Знајте што точно сакате да постигнете

Вашата кратка приказна треба да одговори на овие три прашања: Кој сте вие? Со што се занимавате? Каде сакате да одите, односно за што трагате? Тоа треба да го разрешите сами со себе.

2. Издвојте четири теми за кои сакате да зборувате.

Можеби тоа е премногу за толку малку време, но најдете ги оние области во своето работно искуство во кое сте одлични. Говорете за бизнис искуството, вештините, целите...

3. Раскажете приказна

Луѓето сакаат приказни, вели МекДоналд, затоа тоа дајте им ја. Исто така, полесно и другите ќе ве запамтат.

4. Без жаргони

Би требало да објасните што работите и кој сте на начин кој на сите им е јасен. Избегнувајте терминологија поврзана за само една професија како и жаргон. Замислете дека објаснувате што и правите на својата баба.

5.Оставете нешто и за следниот разговор

Објаснете кој, сте, што работите и што сакате,  но оставете нешто и за следниот разговор. На тој начин, луѓето ќе сакаат уште.

6. Мерете си го времето

Додека вежбате говор, би требало да го вежбате и времето. Ако приказната не се собира во 30 секунди, скратете ја, исфрлете ги непотребните детали и обидете се повторно. Ова е корисен совет за речиси сите репрезентации. Тие обично траат 10-15 минути, и после тоа вниманието драстично паѓа. Затоа е важно да се обидете барем еднаш или двапати на час, за да имате претстава за времето кое го имате на располагање.

Направете видео

Снимајте и видео додека вежбате за да знаете како им изгледате на другите. Дали сте интересни, дали може да ви се верува? Опуштете се, однесувајте се природно, нека ви биде пријатно, додека зборувате. Можете да речеме вежбата да ја изведувате пред огледало.

8. Пробајте на своите колеги и пријатели

Прашајте ги да ви ги кажат нивните впечатоци, и што е тоа што би можеле да го поправите, откако им ја раскажавте приказната.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган