23 Април, 2024
0.0357

Како да работите од дома а да не го изгубите разумот (или работата)

Објавено во: Финансии 10 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Работата од дома е сон за многумина. Не морате да губите време патувајќи до работа, да губите нерви и пари на првоз и храна. Не мора да размислувате што ќе облечете, дали ќе ве нервира гужвата, шефот или колегата. Меѓутоа, оние кои работат од дома речиси цело време, знаат дека тоа не е ниту малку лесна задача. Од кревет, веднаш на компјутер, нездрави грицки, осаменост, многу работи кои ви одвлекуваат внимание...

Пред се, треба да се биде организиран и дисциплиниран. Покрај тоа постојат и неколку трикови како да работите од дома а да не спобудалите целосно.

Направете катче во домот кое ќе биде ваш „работен простор“

Значи, тоа не мора да биде цела соба, или дел од куќата кој ќе ви биде само за работа. Тоа може да биде еден агол во собата. Ќе бидете многу повеќе продуктивни ако го посветите тоа едно катче само за работа.

Одредете го работното време

Најдобро би било да биде исто време како да сте во фирма, а не работа ноќно време или попладне.

Облечете се

Можеби ви звучи смешно, но често оние кои работат од дома не излегуваат од пижами или стари тренерки. Тоа не значи дека би требало да бидете во штикли или работно одело, но би требало да се фрлите во „работно расположение“. Облеката не треба да ве потсетува на спиење или одморање туку дека треба да работите.

Завршете си ја работата, немојте да ја средувате куќата

Почне безизлезно средување на долна облека, потоа бришење прашина, правење ручек ...Направете си себе услуга и овие домашни работи правете ги попладне или викенд, баш како да сте во канцеларија.

Правете пауза

На секои неколку часа или на секој час време станувајте од компјутер и вдишете свеж воздух, или прошетајте. Постои и една апликација која може да ви помогне во тоа, се вика „Stand Up!“, и ве охрабрува почесто да ги протегнувате нозете.

Поставете си цел

Со оглед дека немате никој кој би проверувал како напредувате, поставете си цел на кратки и долги стази-што треба да завршите за еден час, а што до крајот на денот или неделата. Не само што ќе бидете продуктивни, туку ќе бидете и сигурни дека кариерата ќе ви оди во подобар правец.

Грицкајте паметно

Како што нема да јадете пред компјутер на работа (посебно не цел ручек) така немојте ни дома. Посебно немојте да грицкате нездрава храна, туку бирајте лушпесто и суво овошје.

Оставете ја работата во „канцеларија“

Една од предностите на работа од дома е флексибилноста, но обидете се да ги држите работата и задоволството одделно. Што значи дека на крај на работен ден треба да го искучите компјутерот и да го расчисите работниот простор. Тоа пред се е здраво за вашата психа, а кога ги разделите задоволството и работата, можете на долги стази да работите од дома.

Можеби ќе ве интересира

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија