28 Март, 2024
0.0256

Како да се изгради успешен тим?

Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Потребно е вистинско лидерство за да се состави успешен тим кој што ќе функционира долг период заедно. Менаџерите кои што не се плашат да ги корегираат своите одлуки, да носат тешки решенија и да воспостават стандарди во однесувањето, но и да се надградуваат постојано, имаат шанса за успех. Еве неколку совети, кои треба да се почитуваат за за се создаде еден успешен тим кој ќе трае. 1.  Бидете свесни за својата работа. Менаџерот на еден тим мора да биде свесен за своите техники и стил на раководење, колку се тие ефикасни и како се прифатени од тимот. Експертите порачуваат:  Биди шеф и на себе си. Дознај каков лидер си и како те прифаќаат колегите. 2.   Запознајте го остатокот од тимот Мора да се разберат потребите на подредените, нивните доблести и слабости. Добриот менаџер се грижи за вработените и знае како да извлече максимум од нив. Екпертите порачуваат: Замислете го својот тим како сложувалка од повеќе делови која треба да се состави и покрај големиот број можности. 3.    Дефинирајте ги улогите и одговорностите  Кога успешно ќе го поминете второто правило, време е да се дефинираат улогите и поделат обврските на секој член на тимот. Ова не е воопшто лесно. Многу често за вработените идеалното место е многу поразлично од она што го работат. Екпертите порачуваат: Тимот треба да работи како мозаик каде што индивидуалните особини и разлики ќе се претопат во заедничка сила. 4. Пофалете кога е добро, забележете кога е лошо завршена работата „Фитбекот“ за секоја сторена работа е неопходен, бидејќи само така тимот ќе знае дали е на вистинскиот пат. Секој вработен е различен, па затоа треба да се направи вистинска проценка како да му се посочат работите на секој од подредените. Екпертите порачуваат: Одделете време за вработените и објаснете им како може да постигнат подобар резултат. Но и учете од нив. Комуникацијата мора да биде двонасочна. 5.  Признанија и награди Луѓето сакаат да им биде забележан трудот, сакаат да бидат почитувани и да  чуствуваат дека и тие имаат свој удел во добро завршената работа. Многу менаџери забораваат на ваквите признанија поради тоа што веруваат дека  „вработениот само си ја врши работата за која што е платен“. Екпертите порачуваат: Кога вработените добиваат признанија, работењето им претставува задоволство и стануваат многу попродуктивни. 6.   Секогаш прославувајте ги успесите Ова е многу важно за да се поттикне продуктивноста, да се развие тимскиот дух и да се потсетите што е сторено изминатиот период, но и какви се идните планови. Екпертите порачуваат: Прославата е краткотрајна активност. Не ја игнорирајте. Одделете време за дружење и потсетете се низ што поминавте за да стигнете до целта.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија