Како да се подготвите за видео интервју?
Објавено во: Стил 14 Јули, 2017
Ако барате работа во странство и мора да поминете видео интервју, треба соодветно да се подготвите.
Сајтот Corporette советува што треба да направите.
Добро е да седнете во просторија каде вратата убаво се затвора или да ја заклучите.
Барајте позадина која ќе биде неутрална затоа што лицето кое ве интервјуира треба да се фокусира на вас.
Вежбајте така што ќе се снимите со камера и ќе ги прегледате снимките. Тргнете го она што не сакате вашиот иден работодавец да го види.
Имајте хартија и пенкало при рака ако нешто треба да запишете, а добро е да го отворите и вашето CV и мотивационо писмо ако ве прашаат за детали.
Бидете соодветно облечени и подгответе се за прашања кои се очекува да ви бидат поставени на интервју за работа.