Како да заштедите пари ако платата ви расте?
Објавено во: Финансии 08 Декември, 2016
Луѓето трошат колку што имаат и ако земате поголема плата не значи дека во паричникот ќе ви останат повеќе пари.
Истражување направено во Америка покажува дека оние кои годишно ќе заработат 100.000 долари успеваат тие пари да ги потрошат. Еден од десет Американци троши повеќе од тоа што заработува.
Ако платата ви расте тогаш ќе сакате да купите работи кои дотогаш не сте можеле да ги имате. Како што се навикувате на тој комодитет, така и трошоците ќе ви бидат повисоки. Задржете се на трошоците кои ги имате, иако платата расте ако сакате да заштедите.
Секој месец одвојувајте фиксен износ за штедење. Рационалното трошење ќе ви овозможи сигурна иднина, отколку краткорочни мали задоволства.
Побарајте совет од човек кој успешно ги менаџира финансиите во текот на месецот. Ако е потребно, побарајте совет и од стручно лице кое се разбира од финансии.