20 Април, 2024
0.0251

Дали се грижиме како возиме?

Како до побезбедни сообраќајници

Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Секоја година се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, а се зголемува и бројот на жртвите и повредените лица. Во 2016 година, на патиштата на Република Македонија животот го изгубиле вкупно 165 лица. Оваа бројка говори дека нашите сообраќајници не се безбедни и дека одговорноста ја носиме самите, затоа што недоволно внимаваме како возиме. Тоа го потврдува и фактот дека половината од жртвите или вкупно 88 се возачи на моторните возила.

Потребата од поголемо внимание во сообраќајот е евидентна и токму затоа компанијата ОКТА создаде национална кампања за зголемување на свеста за потребата од побезбедни сообраќајници. Наречена едноставно „Јас внимавам“, оваа кампања има за цел да ја истакне важноста за унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, ставајќи посебен акцент на децата и младите.  Преку креативни решенија, чести активности па дури и награди, кампањата се обидува да поттикне и да потсети за потребата од доследно почитување на сообраќајните правила изнаци. Задолжително користење сигурносен појас за сите патници во автомобилот, носење заштитен шлем за мотоциклистите, прилагодување на брзината на условите на патот, почитување на сообраќајната сигнализација, употреба на детско седиште во автомобил, користење мобилен телефон додека возиме и возење под дејство на алкохолсе сообраќајните правила кои најчесто се прекршуваат.

Недоволното внимание и несовесното однесување  во сообраќајот придонесе за значително зголемување на бројот на загинати лица во земјава. Во 2016 година статистиката бележи пораст од 17 настрадани лица, споредено со 2015 година. Во сообраќајните незгоди најчести жртви се возачите, но подеднакво настрадуваат и сопатниците и пешаците.Од вкупно настраданите лица во 2016, 42 биле сопатници, а 35 пешаци. Тоа укажува на потребата дека одредени активности треба да бидат насочени и кон овие учесници во сообраќајот. Кампањата „Јас внимавам“ за таа цел подготви програма и за апелирање кон пешаците и патниците во автомобилите,за велосипедистите и за мотоциклистите, за сите подеднакво да ги почитуваат правилата и прописите, пред сè за сопствена безбедност.

Во фокусот на кампањата влегуваат и најмладите учесници во сообраќајот, кои преку креативни активности како театарска претстава и боенкисе едуцираат за основните сообраќајни правила. Преку кампањата,компанијата ОКТА донира сообраќајни полигони во повеќе основни училишта ширум земјава, на кои децата на интерактивен начин ќе можат да ја стекнуваат основната наобразба за безбедно учество во сообраќајот.

Кампањата е целосно поддржана од Министерството за внатрешни работи, со чија помош и се спроведуваатактивностите. Потребата од и вредностанакампањата „Јас внимавам“ ги препознаа и бројни јавни личности кои ја дадоа својата поддршка и со своето влијание повикуваат на поголема свесност и внимание во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга