Како до поголема плата?
Објавено во: Финансии 15 Јануари, 2017
За да добиете покачување морате прво самите да бидете убедени дека го заслужувате, па потоа морате да го убедите и претпоставениот дека во таа компанија вредите повеќе.
Прашајте веднаш – Ако верувате дека заслужувате покачување, побарајте го побргу – немојте да одложувате и да чекате тој да ви го понуди.
Бидете реални – Во својата проценка, колку вредите и колку работодавачот може и сака да плати. Имајте јасна бројка на ум пред да тргнете во преговори. Избегнувајте споредби и никогаш пред шефот немојте да ја споредувате својата плата со туѓите.
Допринесувајте – Запомнете дека шефовите сакаат вработени кои што допринесуваат во успешноста на фирмата – зголемување на продажбата и профитот, намалување на трошоците и времето потребно за да се заврши некоја работа, подобрување на корпоративниот имиџ, однос кон клиентите и привлекување на нови клиенти.
Одредете ја својата вредност – Одредете колку вредите на пазарот, споредувајќи се со другите луѓе на слични работни места во својата и во други фирми. Никогаш барањето на покачување немојте да го базирате на фактот дека ви требаат повеќе пари.
Бидете детални – Направете детална анализа на своето работно место и работата со која ја вршите. Бидете објективни во нагласувањето дека фирмата има корист од вашите способности, квалификации и искуство.
Очекувајте тешки прашања – Препознајте ги можните мани во своето барање и подгответе позитивни одговори.
Нагласете ги своите достигнувања – Ако сте биле пофалени спомнете му го тоа на својот шеф и напомнете ги своите можни идни достигнувања.
Користете ги преговарачките вештини – Бидете свесни за важноста на вештината на преговарање: слушајте внимателно што ви зборува вашиот шеф, избегнувајте препирки и давање на ултиматуми и ако е потребно, бидете подготвени на компромис.