19 Април, 2024
0.0248

Како добивката на „Уни банка“ лани порасна за еден милион евра?

Објавено во: Финансии 03 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Банката успеа да стигне до добивка од 142,9 милиони денари (2,3 милиони евра)  која порасна за феноменални 75 отсто во однос на 2015 година

„Уни банка“ ја зголеми добивката за еден милион евра лани во однос на 2015 година, покажуваат официјалните податоци од финансискиот извештај објавени деновиве. Нето добивката за лани изнесува 142,9 милиони денари и во однос на 2015 година е зголемена за 61 милиони денари. 
Податоците од билансите покажуваат раст на нето приходите од камати во услови кога пораснале расходите за камати, што е редок случај затоа што поголемиот број од банките таргетираат и остваруваат намалување на расходите од камати. Лани нето приходите од камати изнесуваат 562,1 милиони денари и се повисоки за 56 милиони денари во однос на 2015 година. Тие се остварени во услови кога приходите од камати изнесуваат 750,8 милиони денари и во однос на 2015 година се повисоки за 68 милиони денари. При тоа расходите за камати на банката изнесуваат 188,7 милиони денари и се за 12,5 милиони денари повисоки од тие во 2015 година. Ова покажува дека „Уни банка“ успеала да ги зголеми приходите од камати, но во услови кога растат расходите за камати што укажува на зголемување на кредитното портфолио. 
Кај втората приходна ставка односно приходите од провизии и надоместоци банката остварила приход од 117,3 милиони денари и тие се на нето основа пониски за 16 милиони денари од 2015 година.

Резервациите се клуч на успехот на „Уни банка“

Клучот на успехот на банката за да се оправда зголемената добивка може да се уочи во извештајот за паричниот тек даден во прилог на финансиските извештаи. Таму е очигледно дека вредноста на запишаната резервација на пласманите во 2016 година е пониска од вредноста на ослободената исправка на вредноста т.е. резервација. Така банката лани запишала 42,85 милиони денари,а ослободила од резервација средства во износ 56,5 милиони денари. Наспроти тоа во 2015 година банката резервирала 178,1 милиони денари, а ослободила 129,9 милиони денари.

Растат депозити, растат и кредити

Од другите значајни ставки важно е да се истакне дека расте кредитирањето  на коминтентите. Лани износот на кредити достигнал 9,6 милијарди денари и е за 1,1 милијарди денари повисок од 2015 година. Наспроти зголеменото кредитирање растат и депозитите. Тие достигнаа 11,55 милијарди денари и се повисоки за 1,2 милијарди денари во однос на 2015 година.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин