17 Април, 2024
0.0230

Како емоциите влијаат врз финансиите?

Објавено во: Стил 09 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Вашите емоции сигурно влијаат врз одлуките што ги носите, но ќе се изненадите до која мера ви влијаат врз џебот.

Џенифер Лернер од Кенедиевото Училиште за Раководење на Харвард, заедно со своите колеги од Колумбија Универзитетот, истражувала како нестрпливоста која ја носи тажното расположение може да предизвика финансиска загуба.

Авторите на студијата, користејќи ги податоците собрани во лабораториите на двата универзитети, откриле дека испитаниците, кои по пат на случајност биле одбрани за да гледаат видео кое предизвикува тага, пројавувале нестрпливост и миопија кои се манифестирале во нивните финансиски одлуки со кои оствариле повисока добивка на краток рок, но значително помала на подолг рок.

Следствено, субјектите со состојба на тага заработиле многу помалку пари од субјектите кои биле во неутрална состојба. Тие го пројавиле она што е познато како „предрасуда за сегашноста" каде оние кои носат одлуки сакаат непосредна гратификација при тоа игнорирајќи ги поголемите добивки поврзани со чекањето.

Низ три експерименти, учесниците со средна вредност на тага ги вреднувале идните добивки (за кои требало да се чекаат три месеци) од 13% до 34% помалку во споредба со оние со средна неутрална состојба. Овие разлики се појавиле дури иако се работело за вистински пари и иако попустите за тие со неутрална состојба биле веќе високи.

„Овие експерименти, изведени со комбинирани методи во психологијата и економијата, откриваат дека потажните луѓе, не се и помудрите кога се работи за финансиските прашања. Наместо тоа, споредено со неутралните емоции, тагата, но не и било која негативна емоција, ги прави луѓето помиопични а со тоа и поподготвени да испуштат поголема идна добивка за сметка на инстант гратификација", изјавија истражувачите.

Лернер и коавторите на студијата тврдат дека овие наоди имаат важни импликации на дизајнот на јавната политика, особено во области како што се планирање на недвижности и регулацијата на кредитни картички.

Според нив, дизајнот на јавната политика, заедно со неговата имплементација, треба да се базира водејќи сметка за целиот опсег на психолошки процеси низ кои се носат одлуките. Целосното разбирање на овие процеси може исто така да помогне за подобар пристап кон економските проблеми кои ги мачат луѓето креирани од се поголемото потпирање на кредитните картички.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре