25 Април, 2024
0.1113

КАКО ГО ПРАВИ ТОА: За само 7 минути оваа бизнисменка решава кој ќе биде новиот вработен

Објавено во: Стил 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Ангажирање на нови вработени може да биде долг и сложен процес. Но не и за Марла Малком Бек, основач и извршен директор на козметичката компанија Bluemercury, купена во 2015 од гигантот Macy's за 210 милиони долари.

Во интервју за The New York Times Бек вели дека е „кралица на 7-минутни интервјуа“.

„Интервјуата ми траат по 7 или најмногу 10 минути. Ме интересираат три работи - вештини, ентузијазам, ќе се вклопи ли кандидатот во тимот“, вели таа.

Бек ги оценува вештините на база одговор на прашањето „Какво влијание покажа Вашата активност на вашето претходно работно место?“.

„Важно е човекот да презема одговорност за проекти. По начинот на кој ја опишува својата работа, можеш да процениш дали го правел тоа тој или го пренесувал на некој друг“, вели бизнисменката.

За да се утврди дали кандидатот има доволен ентузијазам и волја, Бек го прашува што сака да прави во следните 5 - 10 години. „Одговорот открива многу за амбициите и креативноста. Ако некој сака да се развива, значи сака да учи. Ако сака да учи, може да ја прави секоја работа“.

Во последниот индикатор - дали ќе се вклопите во фирмата, Бек се обраќа на автобиографијата на кандидатот. „Претпочитам луѓе кои работеле во мали компании. Во големите работата на еден е многу мал дел од целото. Ми треба некој кој може да седи рамо до рамо со различни работи и се чувствува удобно во не толку формална атмосфера“, вели таа.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти