Како „ГРОМ“ од ведро небо здружението „Блаже Коневски“ против договорот со Бугарија
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2017
Новоформираното здружение „Блаже Коневски“ кое се појави деновиве повторно му порача на премиерот Заев дека не смее да го потпише договорот за добрососедство со Бугарија иако ни самите не ја знаат точната содржина на документот.
-Господа на вас останува да одлучите дали овој народ ќе ве памети како предавници или како патриоти, ако го потпишете овој договор народот ќе ве памети како најголеми предавници во нашата историја. Со ваквиот договор го убивате Блаже Коневски, го убивате нашето национално малцинство во Македонија и го уништувате македонскиот дух, вели Љубомир Сенковски.
Инаку Сенковски е член на Централниот Одбор на ГРОМ, партијата на Стевчо Јакимовски која често по потреба на коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа СДСМ и сега новата влада предводена од Заев.Премиерот најави дека денеска ќе ја претстави содржината на договорот со Бугарија кој треба да и помогне на земјата да напредува во евроатланските интеграции и да ги подобри односите со источниот сосед.