Како Груевски ќе му врати на Ахмети?
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2017
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето на Патот кон на Алсат М откри дека тој лично му ја соопштил веста на Никола Груевски дека нема одлука да се формира владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во моменти кога речиси сите очекуваа интегративците да се согласат на уште една авантура во власта. Ахмети речи дека тоа Груевски не го прифатил баш најдобро.
- Рече вие како ДУИ, што ми направивте во периодот 2006 – 2007 година на истиот начин ќе ви вратам. Се знае какви беа реакциите на ДУИ во периодот 2006 – 07 кога неправедно остана надвор застапувањето на албанскиот електорат и волјата на албанското мнозинство во Република Македонија, изјави Ахмети.
Ако оваа изјава на Ахмети може да се протолкува на послободен начин може да се очекува Груевски да не соработува веќе со ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не им даде поддршка на кандидатите на интегративците во вториот круг на локалните избори кои треба да се одржат на средината на октомври.
Претходно никогаш соработката за општините не била официјализирана но, добро е познато дека неофицијално ВМРО-ДПМНЕ помогнале многу кандидати да добијат гласови на места каде ДПА добиваше поддршка од СДСМ во вториот круг на изборите.
За поголема „одмазда“ засега е сеуште рано да се говори но, идеална ситуација која Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ би ја посакувал е некогаш во иднина да добие апсолутно мнозинство со 61 пратеник и да не зависи од одлуките на Ахмети дали ќе формира влада бидејќи нивниот „Мајски договор“ со принципот победник со победник не се оствари на крајот на декември претходната година.