29 Март, 2024
0.0262

Како ГТЦ ја десеткуваше добивката?

Објавено во: Економија 08 Август, 2017

Добивај вести на Viber

АД ГТЦ за првите шест месеци од годинава не може да се пофали со сјајни резултати иако полугодието од 2017 го завршува со минимален профит. Сепак, кога ќе се направи споредба со истиот период лани ќе се види драстично намалување на добивката која од 25 милиони денари е сведена само на 1,8 милиони денари.

Главната причина за големото намалување на профитабилноста може да се гледа во падот на бројот на купувачите, односно на нивните клиенти кои изнајмуваат деловен простор. Во првите шест месеци од 2016 година ГТЦ забележал раст од нешто над 7 милиони денари, за сега да отиде во минус гледано според оваа стапка. Исто така зголемени се и обврските према добавувачите за речиси 50% и во периодот јануари-јуни 2016 достигнале 15,7 милиони денари. 

ГТЦ во првата половина на годинава има и мал пад на приходите кои вкупно изнесуваат 96,5 милиони денари или за 7 милиони помалку од истиот период лани. Од друга страна пак, расходите наместо да се намалат тие се зголемиле и така ГТЦ до 30 јуни „потрошил“ 99 милиони денари или речиси 11 милиони денари повеќе од лани.

Да потсетиме и дека во извештајот за првиот квартал од 2017 ГТЦ имаше речиси тројно намалување на добивката која изнесуваше 1,7 милиони денари со вкупни приходи од 50,4 милиони денари па така тој тренд продолжува и сега. 

ГТЦ годинава влезе и во „историјата“ откако донесе одлука да ја распредели скромната добивка во дивиденда и исплати 0,61 денар по акциија. Ако продолжат со ваквото темпо на работење и 2017 ја завршат во „плус“ можеби дивидендата ќе надмине еден денар по акција, 

Автор: Христијан Станоевиќ 


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат