20 Април, 2024
0.0314

КАКО ГУГЛ ПЛАЌА ЗА НАУКА: Универзитетски професори станале камуфлирани лобисти?

Објавено во: Економија 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Големите интернет компании плаќаат универзитетски професори за изработка на студии кои ги прикажуваат во најдобро светло. 

Професорите за тоа добиваат големи хонорари кои не ги пријавуваат. Еве како тоа го прави Гугл. 

Оваа компанија ангажирала професори да влијаат на јавното мислење кое за неа го имаат политичарите и да биде тоа во нејзина корист. 

Дневникот „Times” пишува дека Гугл за десетина години платил стотина вакви студии. 

Десетина професори за оваа работа добиле огромни суми на пари. 

„Wallstreet Journal” кој е познат по истражувачкото новинарството, објави дека станува збор и за сума од 400.000 долари по студија. 

Земањето на овие хонорари требало да остане во тајност. 

ПР менаџерите на Гугл составиле листа на теми за кои сакале да добијат истражување. 

Тие дури давале наслови на истражувањата и давале инструкции како да бидат напишани. 

Предлагале цени за хонорар и стапиле во контакт со професори. 

Камуфлирани лобисти 

Оние професори кои прифатиле да прават вакви истражувања, тврделе дека е фер пристап Гугл да собира податоци од корисниците и дека затоа услугата на Гугл не чини ништо. 

Гугл за таа намена им плаќал и патни трошоци на професори од Баркли и Харвард. 

Резултатите од Гугл студиите служеле и за борба против обвинувањата за монополистичко однесување на пазарот. 

И самиот Гугл открива дека има тесни врски со истражувачките институти и професорите. 

Научниците по дефиниција би требало да работат независно.  „Wallstreet Journal” ја откри дури и комуникацијата меѓу Гугл и некои професори. 

Професорите во податоците не наведуваа дека ги финансира Гугл. 

„Wallstreet Journal” пишува и за Руперт Мердок, сопственик на „News Corporation” кој води борба против Гугл затоа што при пребарување се појавува интернет исечок и резултати од неговите пребарувања, а спори и за тоа на кои интернет портали смеат да се појавуваат реклами. 

Покрај споменатите 100 студии, има уште други 100 студии кои индиректно се поврзани со Гугл. 

Гугл плаќал за своите деловни интереси, а истото го правеле и други компании како Majkrosoft, Kvalkom i Verajzon. 

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор