Како Христо Атанасов и Неџби Хасан сакале да избегаат преку солунскиот аеродром
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2017
Поранешниот началник на петта управа Горан Грујeвски сакал да ја напушти Грција со бугaрски фалсификуван пасош на име Христо Атанасов, а неговиот сопатник Никола Бошковски имал пасош во кој е именуван како Неџби Хасан.
Двајцата вчера попладне го привлекле вниманието на
пасошката контрола на солунскиот аеродром. Ги препознале од меѓународната
потерница на Интерпол, и веднаш се уапсени.
Македонија и Грција немаат посебен договор за екстрадиција, но Министерството за правда согласно меѓународната конвенција за екстрадиција треба да ја собере документацијата од судовите за предметите „Таргет Тврдина“ и „Тврдина 2“ во кои Грујевски и Бошковски се обвинети за прислушувањето и уништување на сите докази поврзани со незаконското следење на комуникациите и да ја прати до Министерство за правда во соседна Грција.
Двајцата избегаа на 18 јули, откако Врховниот суд ја потврди одлуката на Апелација дека треба да одат во притвор додека трае постапката против нив.
Читајте уште