29 Март, 2024
0.0310

Како ќе се реши големата криза ?

Објавено во: Анализа 15 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Кога го прашале Хенри Форд зошто не направил обемно маркетинг истражување пред да го престави Форд Т (првиот вистински достапен автомобил) одговорил дека доколку го направил тоа луѓето ќе побарале да им произведе побрз или поиздржлив коњ. Имало причина зошто мислел дека ќе му кажат ова.
Токму тоа им било потребно на американците на кои главно превозно средство на почетокот на 20 век им биле коњите те запрежните коли. Секако во руралните средини коњите и не преставувале некој посебен проблем (впрочем се користат и во денешно време како прифатлива форма на превоз), но во градовите............е тука доаѓаме до заплетот на нашата приказна. Големите градови во САД се развивале со исклучително брзо темпо, а еден од најбрзо растечките секако било големо јаболко или Њу Јорк, градот кој денеска преставува центар на светот.  Епа пред повеќе од  100 години Њу Јорк бил центар на коњскиот измет. Повеќе од 2 милиони килограми коњски измет секој ден требало некаде да се складираат. Го имало насекаде пред продавниците, на улиците, собиран како куп од снег, секаде околу њујорчани. Ова како што може да замислите било сериозен предизвик за населението на Њу Јорк кои не само што не можеле да се справат со ова, туку мака мачеле со појавување на болести стаорци и сл непријатни работи од хигиенска природа. Секако ова не бил единствениот проблем.......на пример, денеска вашето возило може да умре само фигуративно, во тоа време вашето возило можело да умре буквално. Мртви коњи лежеле на патот и дополнително го кочеле и така веќе закочениот сообраќај. Се на се комплетен урбанистички хаос. Впрочем првата модерна конференција за урбано планирање била посветена на проблемот со коњите и нивниот измет.
И тогаш Хенри Форд им го понуди автомобилот и проблемите ги снема преку ноќ. Може да замислите кое било олеснувањето кое го доживеале луѓето знаејќи дека нема да има потреба да се справуваат со 2 милиони килиограми..веќе знаете што.
По повеќе од 100 години од овој настан ние модерните жители на светот го сметаме решението за проблемите на Њујорчани за  главна причина на нашиот проблем, глобалното затоплување (без разлика дали некои веруваат или не во него) и нормално бараме решение кое ќе има резултат да не ги стопи снежните капи на светот, да не ни ја качува температурата на лето до 50 степени и така натаму.
Нафтата која  исто така денеска ја сметаме како едно од најголемите зла на модерното време, биле причина за спас на китовите. Токму така, нафтата ги спаси китовите бидејќи луѓето немаа веќе потреба да убиваат китови и нивното масло (whale oil) да го користат примарно за осветлување и за уште десетици други работи за кои денеска ги користиме фосилните горива. Седумнаесетиот век бил обележан со исклучително агресивно ловење на китови до тој степен што постеела серизона опаснот да ги снема бидејќи биле примарен извор на ноќна светлина.
Историјата не научила дека досега човештвото успеало да најде решение за секој проблем со кој сме соочени. Секогаш, без исклучок светот одел напред. Човекот сепак живее подолго од пред 100 години, зборуваме на телефони кои немаат копчиња (како би звучело ова пред само 10 години), итн.. Не постојат никакви дилеми дека оваа голема криза ќе биде пребродена со решенија кои можеби денеска ни изгледаат чудни и несфатливи, а кои на нашите поколенија можеби ќе им бидат главоболка и главна причина за нивните проблеми. Човекот постепено ќе наоѓа одговор на големите прашања и притоа ќе отвара нови и непознати простори позади кои ќе се кријат нови проблеми, на кои ќе бара нови решенија....... 
Милан Димитриоски
Инвестициски Советник

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот