25 Април, 2024
0.0298

Како ќе изгледа светската економија до 2050 година?

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Пренасочувањето на економската сила од развиените кон земјите во развој ќе продолжи и до 2050 година

Развиените земји продолжуваат да го зголемуваат својот удел во светскиот бруто домашен производ (БДП) на долг рок. 

Тоа е едно од клучните откритија во последниот извештај на економистите од PwC „Светот во 2050". Според извештајот БДП на 32 од најголемите економии во светот, кои формираат околу 85% од глобалната економија, ќе продолжи да расте и понатаму.

Извештајот покажува дека светската економија ќе расте до 2042 година, со средна годишна стапка од околу 2,5% меѓу 2016 и 2050 година.  Мотор на овој раст во голема мера ќе бидат новите пазари и земји, како економиите на Бразил, Кина, Индија, Индонезија, Мексико, Русија и Турција. 

За споредба, во земјите од Г7 - Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД, просечната стапка на раст ќе биде само околу 1,6%.

Според извештајот Кина ќе стане најголема економија во светот до 2030 година, а Индија ќе биде на второ место во светот до 2050 година.  Од лидер во рангирањето, САД ќе паднат до третата позиција до средината на векот.

Центарот на вниманието сепак сигурно ќе биде врз новите пазари во развој. До 2050 година прогнозите се Индонезија и Мексико да станат економски поголеми од Јапонија, Германија, Велика Британија или Франција, а Турција ќе ја надмине Италија. Од гледна точка на растот Виетнам, Индија и Бангладеш може да се покажат како најбрзо растечките економии во периодот до 2050 година со просечен годишен раст од околу 5% годишно.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија