Како ќе изгледа турскиот музеј во спомен на неуспешниот пуч?
Објавено во: Балкан 20 Април, 2017
Турција ќе гради музеј посветен на неуспешниот обид за пуч кој се случи лани.
Во јуни ќе започне изградбата на музејот кој ќе го носи името „Музеј на мачениците и демократијата 15 јули“ и ќе биде отворен за посетителите до крајот на 2018 година.
Објектот ќе биде изграден во модерен стил на 10.000 квадратни метри во провинцијата Кахраманканзан во близина на Анкара.
Во музејот ќе бидат изложени привремени и постојани експонати „маченици и работници“ на 15 јули, а покрај тоа ќе бидат изградени и библиотека, кафич и продавници за сувенир.
Министерството за култура на Турција објави нацрт за градење на голем музеј кај Анкара во знак на сеќавање на неуспешниот пуч што се случи на 15 јули минатата година против претседателот на државата, Реџеп Таип Ердоган.
Пучот изби ноќта на 15 јули кога незадоволните воени офицери го покренаа неуспешниот обид да го симнат Ердоан од власт, бомбардирајќи ја од авион Анкара и гајѓајќи ги главните мостови во Истанбул.
Пучот беше задушен откако повеќе од 1000 приврзаници на Ердоган излегоа на улиците да ја изразат поддршка за него.
Најмалку 240 лица загинаа кога војници и тенкови излегоа на улиците на Анкара и Истанбул.