25 Април, 2024
1.6560

Како ќе направиш развој со буџет во кој пензиите се најголема расходна ставка?

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Како може да трчаш со бетонска плоча од 30 килограми закачена на вратот и да мислиш или да кажуваш дека можеш да освоиш олимписка норма, а прашање e дали воопшто можеш да стигнеш до целта? Така и нашата работа. Како да планираш развој кога трошокот за пензии ти е најголема буџетска расходна ставка, ПИОМ е постојано во банкрот, а дупката, која постојано расте, ја полниш од иднината на децата. Кадарни ли сме ние да даваме вакви пензии?

Пензиите се убедливо најголемата расходна ставка на државниот буџет, покажуваат податоците од граѓанскиот буџет. За пензии оваа година се планирани 54 милијарди денари односно 900 милиони евра. Во споредба со лани буџетот за за пензии годинава пораснал за 2,1 милијарди денари - сума што е поголема од сите пари предвидени за судството годинава. 

Многу е значајно тоа што 37,3 милијарди денари се пари што се планирани државниот Фонд за пензиско осигурување (ПИОМ) да ги собере од сегашните вработени. Останатите 16,7 милијарди денари односно околу 271 милиони евра ќе ги платиме ние преку дотации за ПИОМ од државниот буџет.

Како беше лани?

И минатата година износот на пензии беше најголемиот расход на државниот буџет. Официјалните податоци од граѓанскиот буџет се дека лани во ПИОМ биле планирани да се слеат 35,4 милијарди денари. За пензии се планирани да се исплатат 51,9 милијарди денари.

Каков е соодносот пензии наспрема плати?

Платите годинава се втора по големина расходна ставка во буџетот. Тие за годинава се планирани на износ од 27 милијарди денари. Тоа е половина од расходот за пензииили поточно соодност е 1:1,99. Буџетот освен овие 27 милијарди денари ќе исплати уште 16,5 милијарди денари за пензионерите. 

Лани за плати и придонеси се планирани 26,6 милијарди денари и тоа е за 0,4 милијарди денари. За пензии биле планирани 51,9 милијарди денари. Соодносот со платите е 1:1,95, што значи дека годинава е исто како што било и лани. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди