20 Април, 2024
0.0258

Како Македонците бесплатно да студираат на Универзитетот во Љубљана

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

2476 странски студенти од 96 земји се запишани на Универзитетот во Љубљана во академската 2017/2018 година, од кои 556 од Македонија. Најголем е интересот за Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Секоја година се примаат околу 40 македонски студенти на академската размена на Универзитетот во Љубљана.

Словенија има склучено меѓудржавен договор со Македонија, затоа студиите за студентите од Македонија се бесплатни, освен во следните случаи. Школарината е задолжителна за сите студенти од прва година кои веќе имаат претходно стекнато степен на образование и, според сегашниот словенечки Закон за високо образование, се еквивалентни на образованието стекнато по завршувањето на магистерската програма од втор степен. Школарината исто така е задолжителна за сите студенти од трет степен и за сите студенти на вонредни студии. Информации за висината на школарината се достапни на веб-страната на Универзитетот во Љубљанаи во промотивните материјали за странци. На Универзитетот во Љубљана, студиите се изведуваат на словенечки јазик, а во некои студиски програми и на англиски јазик.

Универзитет во Љубљана ќе ги претстави своите студиски програми на априлскиот саем на Деновите на образование и кариера (Days of education and career) во Скопје.

Информативни денови

На факултетите и академиите на Универзитетот во Љубљана, во петок, на 9. февруари 2018 година, во 10 и 15 часот и во сабота, 10. февруари 2018 година во 10 часот, се организира информативен ден за запишување во студиски програми од прв степен и магистерските студиски програми. Во петокот, на 9. февруари 2018 година, Високошколската пријавно-информативна служба при Универзитетот во Љубљана ќе организира и Информативен ден за Словенците што живеат во странство и странските државјани. Настанот, со почеток во 12 часот, ќе се одржи во ректоратот на Универзитетот во Љубљана, Конгресни трг 12, Љубљана (Сала за состаноци).

Датумите за информативни денови за студиските програми од вториот степен за запишување во магистерските програми се веќе објавени на веб-страницата на Универзитетот во Љубљана. Датумите на информативни денови за запишување во докторските студии ќе бидат објавени во првата половина на февруари.

Рокови за пријавување во академската 2018/2019 година

За Словенците без словенечко државјанство и државјаните на земји кои не се членки на Европската унија на првиот степен на студирање на Универзитетот во Љубљана се достапни 813, на вториот степен 1231 (за запишување во првата година), а на третиот степен за сите, вклучувајќи ги и државјаните од Европската унија, 882 уписни места. За академската 2018/2019 година, првиот рок за аплицирање ќе биде отворен од 6. февруари до 20. април 2018 година за првиот степен. За студиските програми од втор степен и програмите за докторски студии, роковите за аплицирање се различни и се дадени во конкурсот за упис за секоја студиска програма.

Сите податоци за условите за запишување, вклучувајќи и запишување во повисока година врз основа на претходно признати знаења и критериуми за транзиции, се достапни во конкурсите за упис на веб-страницата на Универзитетот во Љубљана, веб-страницата на Министерството за образование, наука и спорт на РС и поединечните членови на Универзитетот (академии и факултети).

Дополнителни информации за студиите: www.uni-lj.si/studywww.uni-lj.si/study/news/deadlines

E-mail: study.info@uni-lj.si

Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга