29 Март, 2024
0.0322

Како Макрон ги порази руските хакери?

Објавено во: Анализа 08 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Центристот Емануел Макрон издвојува убедлива победа во вториот круг на претседателските избори на Франција, но за овој овој успех мораше да примени многу лукава стратегија со цел да не го снајде истата судбина како Хилари Клинтон која на изборите во САД на само една недела пред гласањето се соочи со масовен хакерски напад на електронската комуникација на нјезиниот штаб по што Трамп издвојува изненадувачка победа.

Мунир Махџуби, шефот за дигитални комуникации на Макрон открива дека примениле посебна стратегија со која биле запознаени сите членови на изборниот штаб. 

Тие добиле инструкции како да препознаат хакерски „фишинг“ напади во кои ви се прикажува речиси легитимна мејл порака со линк за логирање со лозинката на некој познат електронски сервис. Освен, што лесно ги препознале сите обиди за кражба на податоци, тие лансирале и против-напад. 

Хакерите за кои засега се претпоставува дека се Руси добиле голем број на податоци за логирање и кориснички сметки, некои дел од нив биле лажни, а дел биле вистински но, од неупотребливи профили, па така биле целосно збунети што е за нив корисно.

Хакерскиот напад пристигна во петокот на ден пред изборниот молк во Франција, но тој не влијаеше доволно кај француските граѓани да го променат веднаш мислењето и да ја одберат Ле Пен која многу повеќе му одговараше на Владимир Путин бидејќи се закануваше дека ќе ја дестабилизира Европската Унија.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот